Connect with us

Забава

Загатка од ЦИА, дали ќе можете да ја решите?

Published

on

На социјалната мрежа Твтер, во пресрет на зимата и снегот, ЦИА објави загатка на која треба да откриете колку е часот на фотографијата.

„Тестирајте ги вашите аналитички вештини. Колку е часот на фотографијата?”, напишале од Американската разузнавачка агенција на Твитер, каде често објавуваат разни загатки со цел да привлечат млади луѓе.

Можете ли да заклучите колку е часот според деталите во овој зимски кадар – 15, 11 или 7 часот наутро? Од агенцијата покрај својата објава, објавиле и анкета, а многумина ги образложиле своите одговори во коментари.

Continue Reading

Забава

Дневен хороскоп за 7 март 2021 година

Published

on

Дневен хороскоп за 7 ми март 2021 година.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Continue Reading

Забава

Кое цвеќе се сади во март и како ?

Published

on

 За да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња:

Бројни билки се садат во март, а тоа се главно цвеќиња кои ќе процветаат во јуни.

На почетокот на март треба да се садат гладиоли, кали, амарилис, лилјани и други. Доколку сакате ова цвеќе убаво да фати, неопходно е да го засадите најдоцна до мај.

Вистинско време за садење на цвеќиња е кога ќе помине опасноста од мраз, а цвеќињата треба да ги поставиме на места каде има сонце.

Длабочината на садниците зависи од видот на цвеќето па пред да засадите, добро информирајте се за билката која сте ја одбрале.

Исто така, важно е да направите раздалеченост на садниците за секоја билка да се развива во најдобри услови. Така на гладиолите им треба оддалеченост од 12 до 15 сантиметри. Лилјаните бараат да бидат одвоени од другите билки 30 сантиметри. Далиите пак, треба да ги садите на раздалеченост од најмалку 40 сантиметри.

Continue Reading

Забава

Равенка за петто одделение која им зададе главоболки на милиони луѓе (Фото)

Published

on

Математичката задача ги користи јаболката, бананите и кокосите како броеви и поставува прашање кое овошје претставува кој број.

Тоа е инаку детска задача, а многумина се расправаат околу решението. Едноставна детска задача или трик прашање – никој всушност и не знае, но факт е дека оваа задача предизвика големо внимание но  и полемика на интернетот.

Едноставен заклучок е дека јаболката =10 , бананите = 4 и кокосот =2. Затоа резултатот е 16. Иако тоа е одговор до кој дошол поголем број на луѓето, тој н е точен.

Причината за тоа е дека секој грст банани има вкупно четири, освен оној во последниот ред. Тоа драстично ја менува работата. Исто така може да забележите дека третиот ред има еден кокос, додека последниот има само половина кокос.

Затоа  3 јаболка = 30, па 1 јаболко =10, 1 јаболка + 8 банани = 18, па 8 банани = 8, а 1  банана =1, 4банани-1 кокос =2, па 1 кокос =2, од што произлегува:1/2 кокос +1јаболко + 3 банани=1+10+3=14.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: