Connect with us

Религија

Спомен на Светиот свештеномаченик Харалампиј

Published

on

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.

Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка.

Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови.

„Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“

После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Continue Reading

Религија

Денеска е Cвети великомаченик Теодор Тирон

Published

on

Војникот што го бранеше христијанството

Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост

Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада на 2. III/17 II 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден. Оваа година Тодорова сабота е на 4 март.

Continue Reading

Религија

Недела на блудниот син

Published

on

 Овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото. Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите.

Покажувајќи дека никој од гревовите не може да го надмине Божјото благоутробие и Неговиот човекољубив разум. Во приказната, еден татко има двајца синови. Постариот постојано прибива во заповедите Божји и никогаш не ги престапува, додека помладиот го засакал гревот, и се откажал од заедницата со Бога заради своите срамни дела и на лукавиот демон му служел, робувајќи им на страстите, и не можел да се насити. Бидејќи гревот е ненаситна работа, која станува навика и извор на привремени задоволства. Тој може да се спореди со рогчињата со кои биле хранети свињите. Најпрвин тие се чинат дека може да се вкусни, но се покажува не се хранливи, туку се премногу суви и не заситуваат. Блудниот син едвај си дојде на себеси, кога полн со глад за добродетелите дојде при својот татко велејќи „Татко, згрешив пред небото и пред тебе и не сум достоен да се наречам твој син“. Сепак, татко му го прима во покајание, без да го укорува, туку го прегрнува и го бакнува, покажувајќи ја својата божествена и родителска љубов. Го облекува, символизирајќи го крштението, му става прстен на раката, кој е символ на Сесветиот Дух. Исто така му става сандали на нозете, не како заштита од змии и скорпии кои би можеле да го убодат при неговото патување кон Бога, туку повеќе како средство да им ги скрши главите на таквите суштества. И, на крај, во изобилен знак на радост, тој го коле угоеното теле, Својот Единороден Син, и Отецот му ја дава Причеста – Неговите Тело и Крв.

Continue Reading

Религија

Денеска е спомен на Свети Кирил, учителот словенски и македонски

Published

on

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по филозофија.

Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците иконоборци. Стремејќи се кон осаменички живот, се повлече на гората Олимп, во манастирот каде што игуман беше неговиот постар брат Методиј, но набргу потоа обајцата беа испратени од императорот Михаил на мисионерско патување заради проповедта на христијанството кај хазарите. Патувајќи, тие ги најдоа моштите на свештеномаченикот Климент, папа Римски. Хазарскиот кнез беше убеден во проповедта на светиот Кирил, па тој и целиот негов народ го примија христијанството.

Благодарниот кнез сакаше богато да ги награди проповедниците, но тие одбија да примат дарови, туку наместо тоа побараа тој да ги пушти сите заробени Грци, кои потоа заедно со нив се вратија во Константинопол. Во 862 година, на барање на моравскиот кнез Ростислав, императорот ги испрати да го проповедаат христијанството во Моравија, на словенски јазик.

Светите Кирил и Методиј по Божјо откровение ја составија словенската азбука (глаголицата) и ги преведоа на словенски јазик Евангелието, Апостолот, Псалтирот и мноштво други богослужбени книги. Тие го воведоа служењето на словенски јазик. Светите браќа беа повикани во Рим од римскиот папа Адријан I, кој ги прими со голема почест, бидејќи тие ги донесоа со себе моштите на светиот Климент Римски.

Во Рим, по природа болежливиот и слаб, свети Кирил се разболе, и пред смртта примајќи монашка схима, се упокои во 869 година, на 42 годишна возраст. Неговите мошти се во црквата на светиот Климент Римски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: