Бориcов му го подари cакото на градежен работниk, му се допаднало (Видео)

Претседателот на бугарската влада Бојко Борисов при посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан му го подари своето сако на еден од работниците.

„Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво“, му рече работникот на Борисов.

Премиерот ги праша своите соработници дали има друго сако во возилото, па го соблече своето и му го подари на работникот.

„Ако ти е точно, веднаш ќе ти го дадам“, му рече Борисов.

Работникот го проба сакото и големината му одговараше.

„Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам“, рече Борисов,останатите работници го поздравија со ракоплескање.