Connect with us

Инфо +

Свадби ќе има, ама БЕЗ МУЗИКА И ОРО

Published

on

Новите протоколи за рестораните за свадби предвидуваат веселба без музика и да траат само до 21 часот. Како што беше речено музика може да има само за првиот танц.

Сепак, музичарите узичарите не се согласуваат со овој предлог. Со ваквиот начин на работа тие се уште се без ангажман. Велат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи.

– Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако ќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите за Сител.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.

Вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска.

Угостителите и свадбарите најавуваат протести следната недела доколку комисијата не ги прифати нивните барања.

Continue Reading

Инфо +

Дали Апасиев ќе тужи за биолошки тероризам според најавата ако дојдат заразени пратеници на седница?

Published

on

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека ако не се обезбеди кворум за гласање на седниците во Собрание, заразените пратеници од власта ќе дојдат со скафандери, напиша дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

Пратеничка на СДСМ која е една од тројцата заразени пратеници од мнозинството, денеска објави фотографија со заштитна опрема и напиша дека иако е заразена оди во Собрание за да учествува на седниците и да се донесат антикризните мерки. Дали Апасиев навистина ќе тужи за биолошки тероризам!

Continue Reading

Инфо +

Пратеничката Стојчевска и покрај тоа што е кривично дело со скафандер во Собрание!

Published

on

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на својот профил на фејсбук објави дека со целосна заштита Ковид ќе пристигне во Собранието за да учествува на денешната седница.

🗣 Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.

Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

🗣 Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги…

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Sunday, April 18, 2021

Напиша пратеничката и излезе во скафандер и покрај тоа што е кривично дело според Член 206 од Кривичниот закон.

Continue Reading

Здравје

Секоја чест: Ова се имињата на докторите кои извршија трансплантација на срце

Published

on

Трансплантацијата на срце се изврши на Клиниката за кардиохирургија.Тимот го предводеше директорот на државната кардиохирургија проф.др Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-рМарјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел
Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези,Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска,
Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и БорчеДимоски, Верче Стојкоска.
Клиника за Урологија- д-р Сотир Ставридис, д-р Сашо Дохчев, д-р Алксандар Јосифов, д-р Трајковски, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Виктор Станков, д-р Елена Деспотовска, доц. д-рПетрушева, д-р Александра Гавриловска, медицински сестри Бојана
Шатева, Јулијана Петрушева, Весна Ќокеска, Анѓелка Маринова.

Секоја чест за успешноста на сложената операција и да се живи и здрави нашите доктори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: