Connect with us

Рекла Казала

По обвиненијата од Весна, Калиопи за српската водителка: Не знам што ѝ е на госпоѓата!

Published

on

Српската водителката Весна Дедиќ неодамна изјави дека никогаш нема да ѝ прости на Калиопи откако во една прилика македонската пејачка не се појавила на закажаното снимање, а потоа, наводно, ѝ се заканувала и со отказ.

Ми рече дека ќе му се јави на (тогашниот) директорот на телевизијата и ќе му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа, сподели неодамна Дедиќ.

Калиопи за српските медиуми вели е шокирана од изјавата на Дедиќ и негира дека се заканила дека ќе ја отпушти.

Мене никој не ме познава како таква личност за каква што зборува Весна. Јас навистина не знам што ѝ е на госпоѓата и што сакаше да каже со тоа. Ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту, пак, ме навредил како неа. Вистина е дека тогаш доцнев на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа сред невреме, бидејќи патував од Загреб кон Белград, а нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова првпат  го слушам сега, шокирана сум од она што го зборува. Како и да е, јас Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, ја почитувам како интелектуалец, новинар и писател, дури и сум ги прочитала нејзините книги. Она што сега го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканува на некого со отказ, тоа е скандалозно за што зборува. Никогаш во животот сум немала проблем од ваков вид, рече македонската пејачка за српски „Курир“.

Овој одговор на Калиопи, пак, според српскиот весник, дополнително ја изиритирал Дедиќ, која сè уште не се откажува од своите тврдења.

За жал, директорот Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак ја слушам Калиопи и не е важно што стори во афект, рекла таа.

Continue Reading

Инфо +

Се огласи и поранешната сопруга на Кајмакоски по наводите дека го ,,отрула” Даниел

Published

on

МВР соопшти дека во полициската станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза”, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга, таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени нар*отични средства.

„Жената била повикана во полицискат станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Дел од медимуте дознаа дека станува збор за пејачот Даниел Кајмакоски, а од неговата поранешна сопруга биле информирани дека „не сака да коментира глупости“.

Continue Reading

Рекла Казала

Марија Шерифовиќ ги напушта „Ѕвездите на Гранд“? Пејачката во „војна“ со Поповиќ и рекол дека е машко

Published

on

По скандалот во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и навредите, Марија Шерифовиќ наводно му кажала на Саша Поповиќ дека ќе го раскине договорот и дека од следната сезона не сака да биде во жирито.

„Саша прави шоу, тој е доктор за гледаност, знае кој кога треба да поткачи, но знае и да претера. Марија се навреди, мисли дека не е во ред пред милионскиот аудиториум да ја прозива поради нејзината сексуалност“, вели извор за Информер.

Се започнало кога Саша Поповиќ кажал на Марија да не и даваат цвеќе.

„Марија е машко, на неа не и треба“, изјавил Поповиќ додека делеле ружи во студиото на Гранд.

„Не с*ри Поповиќ“, одговорила Шерифовиќ.

„Ти си ѓубре и невоспитан човек. Ти си пе*ер“ викала Марија.

Иако сите мислеле дека станува збор за шега, по завршените снимања Марија бесна го напуштила студиото заканувајќи се дека нема да зборува со него додека не и се извини пред сите.

Continue Reading

Рекла Казала

Цеца бара ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ на Карлеуша

Published

on

Пејачките Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ се појавија денеска на суд, а порталот Република објави записници од нивните изјави.

Како што се наведува, Цеца ги објаснила причините за обете тужби, во кои изјавува дека Карлеуша ја нарекувала глупава и убиец.

„Останувам и на двете приватни тужби што ги покренав против Јелена Карлеуша, а кои се однесуваат на нејзините јавни дејствија во периодот од 27 до 31 мај 2017 година и 25 август 2017 година, бидејќи нејзините зборови длабоко ме повредија, како и моето семејство, и таа ги упати ваквите зборови преку медиумите.

Јас сум јавна личност, па поради објавувањето на сè што рече за мене, моето семејство прво ме праша зошто не ја негирав или преземав нешто против Јелена Карлеуша, а потоа пријатели и новинари ме повикаа да ги коментирам невистините и навредите што Јелена раскажа за мене. Никогаш не сум била во конфликт со неа. Никогаш јавно не ја повикав или ја коментирав.

Јелена коментираше за моите постапки на сцената и мене лично веќе 20 години, па длабоко ме трогна нејзините тврдења дека нарачав убиство на нејзиниот поранешен свршеник, дека сум била убиец, дека имам крвави раце, дека сум наложница на Земунскиот клан, дека јас сум лоша мајка и сите други реченици наведени во приватната тужба бидејќи нејзините тврдења се без никакви основи и докази за кои морав да зборувам јавно. Одлучив да покренам две приватни тужби затоа што верувам во институциите на системот и судот и сакам да го остварам своето право преку судот “, рече Цеца, а пишува Република.

„Што се однесува до нејзините наводи дека сум глупава како кучка и дека немам лично мислење, сметам дека зборовите длабоко ме навредија и ме повредија, имајќи предвид дека пред тој датум новинарите ме прашуваа за што размислувам за вакцинација против сипаници, бидејќи во тоа време имаше епидемија на сипаници и го презентирав моето лично, а не професионално мислење за вакцинирање на деца и истакнав дека ја поддржувам секоја вакцинација против секоја болест, дури и сипаници и дека како мајка ги вакцинирав сите деца. Дека истото го стори и сестра ми, која е мајка на четири малолетни деца “, продолжи Цеца, пишуваат споменатите медиуми.

„Во врска со она што го реков, и повторувам дека некој што кажува такви невистини има потреба од невропсихијатриско вештачење, и понатаму мислам така. Навистина, не можам да разберам дека јавна личност упатува такви невистини и навреди кон друга јавна личност, според мене, нормална личност не може да го стори тоа. Поради овие зборови пред овој суд, постапката ја водеше истиот судија, а во таа постапка бев ослободена од обвиненијата“, се наведува во записникот од разговорот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: