Можеби не победија, но не испочитуваа до максимум: За Романците сме само Македонија, не “Cеверна”

Maлку фалеше за Македонија завчера да остане непоразена во Букурешт. Сепак, иако не освоивме бодови имавме одличен прием на стадионот каде ќе играме и на Европското првенство. За Романците вчера не постоеше “северна”, бевме единствено Република Македонија.

Романците постојано го користеа името „Македонија“, па така нашето име стоеше и на пултот каде се официјалните лица и новинарите. Таква бевме најавувани и во медиумите.

Нашето име без она „Северна“ го користеше и „Спорт клуб“ како и хрватскиот коментатор кој постојано навиваше за „Македонија“.

YouTube video player