Connect with us

COVID 19

Дали треба да пиете алkохол по примање на ваkцина против kоронавируcот?

Published

on

Долги редици Босанци, Црногорци и Македонци – честопати цели семејства – се формираа пред главниот центар за вакцинација во српскиот главен град додека полицијата надгледуваше.

Едно од прашњата кои примателите на вакцина често го прашуваат е дали е дозволено по примањето на вакцина пиење на алкохол?

Пиењето алкохол по добивањето вакцина за коронавирус може значително да го отежни имунолошкиот одговор и потенцијално да ја направи вакцината неефикасна, рече водечки руски научник. „Силно препорачуваме да се воздржувате од алкохол три дена по секоја инјекција“, изјави за Њу саентист Александер Гинтсбург, раководител на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Москва, кој ја развива вакцината Спутник V.

Ова предупредување не се однесува само на вакцините Спутник V, туку и на сите вакцини против ковид-19 и реално на сите други вакцини. „Ова е многу јасно“, рече тој.

Постоечката научна литература за алкохолот и имунолошкиот систем покажува дека вишокот алкохол е имуносупресив, така што луѓето што многу пијат се поподложни на инфекции. „Тешките алкохоличари имаат многу проблеми, а слабата имунолошка функција е една од нив“, вели имунологот Еленор Рајли од Универзитетот во Единбург, Велика Британија.

Here's how long you should wait before drinking alcohol after the Covid  vaccine | The Scotsman

Во испитувањата, околу 10 проценти од луѓето не станале имуни откако примиле вакцина Спутник V, а бројката е слична и кај другите вакцини. Причините за ова се непознати. Дали алкохолот може да биде фактор не е испитано.

Една студија од 2012 година од истражувачи во Шведска покажа дека слабото до умерено консумирање алкохол благо го потиснува инфламаторниот одговор на вакцината против бактериска пневмонија, но немал никакво влијание врз имунолошкиот одговор. Истражувачите го дефинираа ова ниво на консумирање алкохол како просечен внес на помалку од 30 грама на ден, приближно како три вотки.

Гинтсбург за Њу саентист изјави дека ова е премногу строго. „Се разбира, не зборуваме за целосна забрана на алкохолот за време на вакцинацијата. Ова е само разумно намалување на консумирањето сѐ додека телото не формира свој имунолошки одговор на коронавирусната инфекција“, рече тој. „Важно е да се разбере дека прекумерната потрошувачка на алкохол може значително да го намали имунитетот и со тоа да ја намали ефикасноста на вакцинацијата, па дури и да ја направи бесмислена. Покрај тоа, ова важи не само за Спутник V, туку и за секоја друга вакцина“.

МКД.мк

COVID 19

Утре пристигнуваат 10 илјади вакцини на „Фајзер“

Published

on

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Continue Reading

COVID 19

Ние сме без осигурување и неплaтeни дежурства во Koвид центрите: Младите лекapи лyти на милионите за пpaтениците

Published

on

Од август минатата година, кога се конституираше Собранието по парламентарните избори на 15 јули, пратениците почнаа 39 седници, но завршија само 19 од нив.

И од тие 19 завршени седници, само 8 беа со предложени закони на дневниот ред. 20 седници стојат незавршени, меѓу нив и 36. седница, на која на дневен ред чекаат трите предлог-закони од петтиот пакет економски мерки за ублажување на последиците од пандемијата на ковид-19.

За 8 месеци пратениците завршија само 8 седници на кои се гласаа закони, а земаа над милион евра за плати и патни трошоци.

На оваа информација жестоко реагираше Асоцијацијата на млади специјализанти кои держураат без пари и здравствено осигурување голем дел во Ковид 19 центрите ширум државата.

А ние ќе дежураме без пари или без здравствено осигурување ќе работиме во Ковид центри, пишуваат од Асоцијацијата.

Continue Reading

COVID 19

Коронавирусот и ги земал најблиските: Прво умрел сопругот, па за три дена ги погребала мајка си, братот, свекрвата…

Published

on

Една од најтрагичните приказни од почетокот на пандемијата доаѓа од Хрватска.

Станува збор за приказната на Снежана Матиќ која имала низа Ковид позитивни случаи во своето семејство, а по нив и телефонски повици кои никој не сака да ги добие.

Таа останала без својот сопруг, брат, мајка и свекрва. Сите починале од коронавирус. За само три дена таа ги погребала своите најблиски еден по друг. Својата приказна, Снежана решила да ја сподели за хрватската емисија “Потрага”.

-Прв кој разви симптоми беше мојот брат. Не се чувствуваше добро. Велеше дека настинал, па постојано се лекуваше со чаеви и витамини. Таа сабота бевме кај него на гости, но се беше во ред. Малку кашлаше. Трет ден потоа, мојот сопруг крена температура, вели Снежана.

Веќе во понеделникот нејзиниот брат Мирко завршил во болница, а два дена подоцна и нејзиниот сопруг бил хоспитализиран. Во меѓувреме се разболела и нејзината мајка Роза која имала 92 години. Неколку дена подоцна, позитивна на Ковид-10 била и нејзината свекрва која била во своите 80ти години.

Речиси цело село било заразено

-Ниту мајка ми, нуту свекрвата излегуваа од дома. Тие буквално не одеа никаде. Во тоа време речиси цело село беше позитивни на Ковид-19. Роберт имаше симтоми кои наликуваа на грип. Имаше температура и болки во коските. Пиеше апчиња за намалување на температурата, но ништо не му помогна. Потоа следеше тешкото дишење. Не можеше да направи чекорм а да не се задиши. Тој не веруваше во корона, и до последно велеше дека е болен од грип, открива таа.

Сепак Снежана решила да не го послуша својот сопруг и да повика брза помош. Тогаш го видела за последен пат. Нејзиниот сопруг бил хоспитализиран, а додека бил во болница успеале да се слушнат неколку пати. Според неа, Роберт верувал дека ќе преживее. Имал само 53 години. За време на војната, Роберт згазнал на мина и останал без едната нога. Оттогаш живеел со протеза, но бил здрав, тврди Снежана.

-Ми велеше дека е подобар. Сите индикации одеа кон тоа дека ќе оздрави. Бев навистина шокирана кога ќе ми јавија од болница дека починал, вели Снежана.

Во наредните неколку дена, истиот број од болницата и свртел на Снежана уште два пати.

-Во 12 на пладне ми јавија дека починала мојата мајка, а во 7 вечерта мојот брат. Ден потоа добив повик и за мојата свекра, раскажува Снежана.

Се уште не знае како е жива

Снежана вели дека се уште не и јасно како го преживеала тој период. Оттогаш има поминато едвај месец дена а таа се уште не може да спие. Седи и размислува.

-Имам чувство дека сопругот ќе влезе низ врата и ќе каже нешто, завршува таа.

За разлика од нејзиното семејство, таа била негативна на сите тестови. Вели дека најмногу и е жал што не успеала да се збогува од своите најблиски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: