Целиот свет вечерва пишува за МАКЕДОНИЈА!

Победата на Македонија против Германија е ударна тема во регионот вечерва и покрај тоа што деновиве играа сите репрезентации на нашите соседи.

Српските, хрватските, босанските, црногорските медиуми, но и светски медиуми се полни со комплименти за играта на нашиот национален тим и сензацијата која ја приредија во Дуисбург. Тоа може да се види и од насловите на тамошните портали, но и коментарите на социјалните мрежи од многу земји.