Connect with us

Инфо +

Доживеав 90 годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните

Published

on

Колку чини човечкиот живот?

Пред неколку дена, добив повик за лице завеано во едно од најоддалечените планински места во Кратовската општина. Околу девет часот утрото заедно со медицински техничар и шофер, придружувани од сестрата, внукот и кумот на внукот на лицето, се упативме во планината. По поминати околу три-четириесетина километри возилата ни заглавија во соспите снег по што моравме да продолжиме пеш. После повеќе од час и половина одење низ екстремно стрмниот и непристапен терен, бидејќи патот до куќата не беше прооден, стигнавме до имотот на лицето.

Затековме трогателна ситуација. Лицето беше паднато на патеката која од неговата куќа води до трлото во кое одгледува значителен број овци кои во овој период од годината се јагнат и мораат да бидат проверувани секоја вечер. За некое чудо, лицето после поминати повеќе од 12 часа на поларна температура во снегот беше сеуште живо, за разлика од овцата која најверојатно имаше излезено да ја врати во трлото по јагнењето. Го имаше најдено неговата 90 годишна мајка која немајќи сила да го крене поминала цела ноќ покрај него обидувајќи се да го загрее, за да во утринските часови, иако не знае да ракува на телефон, успее да се јави на сопствената ќерка и да побара помош.
Го внесовме во куќата и му пруживме прва помош, но како што секогаш бива, една несреќа не оди сама. Сфатив дека ситуацијата е многу посериозна (иако и самото измрзнување е сериозна состојба која најчесто бара хоспитализација) и дека човекот очигледно има и некоја друга подлежечка состојба која треба да се испита во болнички услови.

Од тука почна нашата вистинска голгота. Поради непристапноста на теренот немавме можност (барем тогаш така мислев) да го однесеме човекот до нашиот џип. Решивме да се обратиме за помош кај сите институции во нашата општина. И замислете, секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша ни беше речено дека не можат да ни помогнат. Противпожарната единица не можела, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од ЗД Кратово се јавувале и во полициската станица но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да ни кренат слушалка.

Оставени сами на себе и без никаква помош, ги прашав неговите роднини и медицинскиот техничар дали се спремни на раце да го изнесеме човекот до возилото, целосно свесен за ризикот во кој ги ставам нив и самиот себе и за одговорноста која ја преземам. Сепак, професијата не ми дозволува ни да помислам да не го транспортирам пациентот кој имал среќа да преживее на тој студ и снег.

Роднините најдоа колци и ќебиња од кои со свои раце зашивме носила, го замотавме во јамболии човекот и го поставивме на носилата и додатно го обезбедивме шиејќи ги однадвор ќебињата.
Ние четворицата околу 5 ЧАСА НА РАЦЕ ГО НОСЕВМЕ ПАЦИЕНТОТ ПО КОЗЈИ ПАТЕКИ, НИЗ ЕКСТРЕМНО СТРМЕН ПРЕДЕЛ И ШУМА НАМЕСТА ЗАТРУПАНИ СО СНЕГ, ПРЕКУ РЕКА И НИЗ УГОРНИЦА КОЈА РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ЈА ПОМИНЕ И ПЕШ.

На крајот, накај 19 часот успеавме да стигнеме до возилата и околу 20 часот да го транспортираме пациентот во ЗД во Пробиштип каде дежурната екипа без збор и прашање го презеде пациентот и го однесе во Штип.

Доживеав 90 годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и. Апсурдно, нели?

Затоа, јавно прашувам:
Стојанче Ангелов за што е надлежен Центар за управување со кризи? За кревање раце и раменици, седење по канцеларии и состаноци и проследување на информации?

Љупчо Бојаџиев, за што се надлежни општинските претпријатија и градскиот татко ако не за да им бидат на услуга на граѓаните кога им се најпотребни? Или за садење цвеќиња, фарбање клупи, асвалтирање панорамски патишта и продавање празна слама и демагогии?

Почитувани Zoran Zaev, Венко Филипче, Oliver Spasovski, Ви се обраќам не како експоненти на политичка пратија, туку како луѓе кои моментално се носители на фунции кои можеби можат да направат некоја разлика.

Јас, а се надевам и мнозинство на граѓани и граѓанки на оваа беспоштедно сурова Република, кои го читаат ова, НЕ САКАМ, ТУКУ БАРАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ И ОЧЕКУВАМ КОНЕЧНО ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НЕКОИ ПРАВИЛА, ПРИНЦИПИ И СТАНДАРДИ.

Го пишувам ова испровоциран од инертноста на институциите и нивниот однос, но и од нечовечноста на луѓето вработени во нив, надвор од секаков дневно-политички контекст, знаејќи дека ќе испровоцирам реакции кои најверојатно негативно ќе се одразат на мене, но веќе искрено не ми е гајле.

На крај, да одговорам на прашањето. Човечкиот живот за некои од нас нема цена, а за некои не вреди воопшто.

Пс. Tv Star – Televizija Star , пред да објавите нешто информирајте се убаво и од прва рака, бидејќи лицето за кое сте известиле не е залутано, туку чесен сточар кој егзистенцијата ја нашол во одгледување овци во планината, а моменталната состојба му е далеку од стабилна.

Edit: Ги читам коментарите и морам да кажам дека постов не е напишан за самопромоција и фалење, туку за да алармирам дека системот не ни функционира.

Пишува граѓанинот Павле Зафиров.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224718616021159&id=1484443344

Continue Reading

Инфо +

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpeкpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Published

on

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на коронавирусот, а во Собранието се појави во целосна заштитна Ковид-19 опрема, со цел да присуствува на седницата на која е предвидено да се усвојат законите за петтиот пакет финансиски мерки.

–Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите, пишува Маричиќ.

Министерот Маричиќ ја обвини опозицијата дека го спречува собранискиот Деловник, со цел да се овозможи онлајн присуство на пратеници позитивни на вирусот и се радуваат на секој нов заразен пратеник од парламентарното мнозинство зашто тогаш, како што вели тој настапуваат со нивната точка „играчки со кворумот“.

-Практично оние заради кои тешко функционира Собранието го обвинуваат мнозинството за нефункционалност. Но, некои пратеници не заборавиле зошто се избрани. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време. Пратениците на опозицијата пак мислат дека се таму за да блокираат, бојкотираат, трошат ресурси бесцелно само за лични и партиски цели (зашто само со блокади и бојкоти се чувствуваат важни немајќи да понудат никаква идеја и политика за граѓаните), пишува Бојан Маричиќ.

Continue Reading

Инфо +

Доколку и по ова не падне владата, Македонците не заслужуваат да имаат држава

Published

on

Лука Андраши, хрватски експерт кој работи на проект на ЕУ кој врши мониторинг на работата на високи државни службеници во Македонија денешните настани во Собранието ги нарече скандалозни, злосторнички и масакар на човековите права.

Тој истакна дека доколку и поле ова не падне владата, македонскиот народ не заслужува држава. 

Continue Reading

Инфо +

Дали Апасиев ќе тужи за биолошки тероризам според најавата ако дојдат заразени пратеници на седница?

Published

on

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека ако не се обезбеди кворум за гласање на седниците во Собрание, заразените пратеници од власта ќе дојдат со скафандери, напиша дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

Пратеничка на СДСМ која е една од тројцата заразени пратеници од мнозинството, денеска објави фотографија со заштитна опрема и напиша дека иако е заразена оди во Собрание за да учествува на седниците и да се донесат антикризните мерки. Дали Апасиев навистина ќе тужи за биолошки тероризам!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: