Connect with us

Забава

(Видео) „Србија е стара само 13 години“: Холивyдска актерка се избpyка пред цел свет

Published

on

Американската актерка Елизабет Олсен, една од близначките на Олсен, даде интервју за шоуто „Кипинг тајни“, во кое, меѓу другото, зборуваше и за снимање филм во Србија. Таа рече дека „нема причина некој да ја посетува Србија“ и дека „нема ништо уникатно српско во Србија, бидејќи Србија како држава постои само тринаесет години.

„Всушност, нема ништо уникатно српско, бидејќи Србија е земја само околу 13 години. Тие немаат ништо свое, само им го земаат на оние што ја окупираа нивната земја во одреден момент“, рече Елизабет Олсен во едно интервју, додавајќи дека нема причина некој да дојде во Србија.

Таа рече дека снимала во Србија неколку месеци, дека била слободна само во недела и дека тогаш имала можност да ја запознае српската држава и култура.

„Тоа е многу интересно место. Снимавме таму шест дена во неделата и имавме само еден слободен ден “, рече таа.
Водителите се смееја на нејзината изјава, но истакнаа дека „милиони Срби ја гледаат нашата емисија“ и ги поздравија своите гледачи.

Корисниците на социјалните мрежи остро реагираа на настапот на Елизабет Олсен.

Continue Reading

Забава

Го замолуваме граѓаните и граѓанките да не ставаат дрога во кафето на бившите (Фото)

Published

on

Статус на денот 🙂 како се шегуваат граѓаните:

Continue Reading

Забава

Дневен хороскоп: Овој знак денеска ќе има пресврт во љубовта, а еве каков проблем ги очекува девиците

Published

on

ОВЕН

Работа: Ве очекува работно патување кое ви носи позитивни нови шанси за соработка.

Љубов: Новото познанство кое ви се случило, во вас разбудило чувства.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

БИК

Работа: Мали проблеми се присутни на полето работа. Доста работи ве оптоваруваат.

Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност сте дошли до проблеми кои нема лесно да ги надминете.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можен е пад на концентрацијата. Може да бидете наклонети кон тоа самите да ги комплицирате работите.

Љубов: Многу сте напнати, па лесно може да се карате со личноста која ви значи.

Здравје: Проблеми со вртоглавица.

РАК

Работа: Имате некои идеи кои сакате да ги спроведете на дело. Не ви е лесно да добиете поддршка за нивно остварување.

Љубов: Ви се допаѓа една личност со многу страст, која е родена во некоја од огнените знаци.

Здравје: Водете сметка околу циркулацијата.

ЛАВ

Работа: Не сте сигурни на кој начин да ги решите проблемите кои ви се појавуваат денеска.

Љубов: Ве очекува многу опуштена комуникација со личноста која ви се допаѓа. Наскоро ќе имате прилика да се зближите.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Напредокот кој го посакувате и натаму не може да ви се реализира. Работите ви се комплицираат.

Љубов: Иако ви делува дека саканата личност е искрена, некои работи покажуваат дека е поинаку.

Здравје: Забите се чувствителни.

ВАГА

Работа: Можно е да ве очекуваат нови случувања на ова поле, а некои промени ќе ве изненадат.

Љубов: Не сакате да влезете во нова врска и натаму, поради тоа што не се појавила ниту една личност која го заслужува вашето внимани.

Здравје: Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска ве очекуваат мали непријатности на ова поле. Доста работи во овој период ве загрижуваат.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате некои пресврти, кои ќе ве остават без коментар.

Здравје: Коските се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да имате среќа кога е во прашање работата денеска. Ќе ги остварите своите амбиции.

Љубов: Не ви е лесно да отворено ги покажете чувствата кон личноста која ви значи, затоа што се плашите да сте повредени.

Здравје: Слаба циркулација.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вам е среќна околност, па може да очекувате дека на работното поле се да ви биде решено.

Љубов: Лесно би можеле да дојдете до нова врска со личност која ја познавате од порано.

Здравје: Ќе ви годи спортување.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пред вас е можност да донесете одлука која ќе ви биде многу важна за иднината и напредувањето.

Љубов: Можно е да почувствувате големо олеснување после искрен разговор со партнерот.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

РИБИ

Работа: Може да очекувате дека ситуацијата ќе ви биде стабилна во текот на денешниот ден.

Љубов: Можна е средба со личност која ви се допаѓа од порано. Ве очекува поволен период, на емотивното поле.

Здравје: Внесувајте витамини.

Continue Reading

Забава

Ќе скијаме и во лето изгледа – Македонија повторно под снег (Фото)

Published

on

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре и в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа).

На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

И додека метеоролозите го најавија снегот на планините, во текот на ноќта и утрово снег врне на Попова Шапка, Маврово и Нижо Поле, погледнете:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: