Connect with us

Инфо +

„Преку сметките за струја се kpaдат стотици милиони евра од македонските граѓани“

Во вчерашната емисија на Тешки муабети на Инфомакс, Љупчо Палевски Палчо откри тежок криминал односно грабеж во РЕК Битола во последните две децении. Како што изјави Палевски, се работи за милиони тони јаглен, односно лигнит кој е фиктивно наплатен од оваа држава од АД Електрани за производство на електрична енергија.

„Не само на кантар, не само фиктивни договори за цената, не само што и цената е прескапа, која барем четири пати поскапа од реалната цена за копање на лигнит, туку до перфекција е донесен бизнисот, бидејќи годишно, нивото на бизнис е преку 200 милиони евра за призведена струја која се фактурира на ЕВН, а потоа на сите нас, кои плаќаме прескапа струја. Со секое платено денарче на вашата струја, еден дел, барем денарче од еден киловат оди кај Чичко Столе СВ Инвест, појаснува Палевски додавајќи дека Столе порано соработувал со Мијалков, а денес соработува со братот на премиерот Вице Заев.

Палевски додава се работи за сериозни цифри, дека барем двапати повеќе се фактурира, што на годишно ниво дава една цифра од стотици милиони екстра профит кои се одлеваат надвор од Република Македонија.

Не е тајна како се краде во РЕК Битола, но прашање е како тие пари излегуваат од земјата.

„Повторно се враќаме на банкстерите кои оваа криминална операција ја наплаќаа и ја реализираат за вакви лопови на буџетски средства. Ова крадење е надвор од оние 4,7 милијарди кои се собираат од ДДВ и персонален данок.Ова е крадење од нашите сметки за електрична енергија, кои секоја година се сѐ повисоки. Значи покрај тие 4,7, нас не крадат и по основ на мобилен, електрична енергија, по основ на водовод, секаде каде што политичкиве партии имаа свои послушници, во овој случај Васко Ковачев.“, појаснува Палевски.

Емисијата  Тешки Муабети можете да ја погледнете  ТУКА

Свет

Украина решително одбива територијални отстапки, порача Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично одби каква било можност Украина да се откаже од делови од својата територија, отфрлајќи го клучното барање на Русија што, според дипломатски извори, било вметнато и во најновиот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски истакна дека Украина нема намера да преговара за суверенитетот и територијалниот интегритет, додавајќи дека ниеден мир не може да биде постигнат врз основа на уцени или наградување на агресијата. Тој нагласи дека Киев е подготвен за разговори, но само во рамки што ја почитуваат меѓународната правна рамка и правото на самоодбрана.

Европските сојузници на Украина, според дипломатските извештаи, остануваат на линијата дека секое мировно решение мора да биде прифатливо за Киев и да не подразбира легитимизација на руската окупација. Официјалниот став на Украина, повторно потврден од Зеленски, дополнително ја комплицира иницијативата на Вашингтон, која во последните денови е предмет на интензивни преговори и реакции.

Украина ја задржува позицијата дека мир може да има само тогаш кога ќе се повлечат руските сили и кога ќе биде обновена целокупната територијална целовитост на државата.

Continue Reading

Свет

Силен земјотрес од 7,6 степени ја погоди северна Јапонија — издадени цунами-предупредувања

На 8 декември 2025 година, силен земјотрес со магнитуда 7,6 го погоди североисточниот дел од Јапонија, во близина на префектурата Аомори.

Потресот се случил околу 23:15 по локално време, на длабочина од околу 53 километри, а како резултат беше издадено тсунами-предупредување за приморските региони, вклучувајќи ги префектурите Аомори, Ивате и Хокаидо.

Иако информациите сѐ уште се прибираат, локалните медиуми јавуваат за евакуации на жителите од крајбрежните подрачја, привремено прекинати железнички и дел од инфраструктурните услуги, како и прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области.

Земјотресот предизвика сериозно тресење — според првичните оценки, интензитетот на потресот одговара на „upper-6“ на јапонската скала за земјотреси, што значи дека може да предизвика свртување на мебел и оштетувања на градби.

Актуелниот порој на природни катастрофи доаѓа во момент кога Јапонија е веќе на листата на земји со висока сеизмичка активност, поради што властите апелираат на граѓаните да ги почитуваат упатствата за евакуација и да се подготват на можни појави на афтершокови.

Ќе ги следиме официјалните информации и ќе известиме за развојот на настаните.

Continue Reading

Балкан

Албанија ја издаде првата предварителна лиценца за дигитална банка – „JET Bank“ ќе ја отвори новата ера на онлајн банкарството

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија донесе одлука да ѝ додели прелиминарно одобрение за лиценцирање на „JET Bank“ (Фаза I), со што официјално се отвора патот за стартување на банкарски и финансиски услуги во целост управувани по дигитален модел. Албанските медиуми пренесуваат дека ова е прва ваква дозвола издадена во земјата.

„JET Bank“ има амбиција да стане прва банка во Албанија што ќе работи исклучиво преку дигитална платформа, комбинирајќи напредни технолошки решенија со едноставни, сигурни и клиентски ориентирани услуги.

Нивната мисија е да воведат современ пристап во банкарството, насочен кон брзи трансакции, висока безбедност и максимална достапност за корисниците – без потреба од физички филијали.

Со оваа одлука, Албанија прави значаен чекор кон модернизација на финансискиот сектор и позиционирање во регионалниот тренд на дигитализација на банкарските услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг