Connect with us

Религија

Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот- Светиот Архангел Гавриил

Published

on

Tој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на светиот Јован Претеча и самиот за себе рече:

„Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештението, светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева.

Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога.

Тој е, значи, еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Јеремиил. Секој од нив има особена служба, а сите тие се рамночесни.

Зошто Бог не го испрати Михаил? Затоа што неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човечкото спасение.

Религија

Петта недела од Великиот пост посветена на Марија Египетска-од грешница, до симбол на покајанието

Published

on

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание.

Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот.

Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка.

Continue Reading

Религија

Сеноќен подвиг на покајничко стоење пред Бога

Published

on

Ниедна друга духовна дејност не го поставува човекот толку блиску до Бога како покајанието. Не привременото душевно чувство на раскајание, туку постојаното дејствително покајание, искреното соочување со сопствената грешност и смиреното, но усрдно обраќање кон Бога. Тоа е внатрешниот духовен труд што светата Црква го посакува од нас и така грижливо кон него нè приведува, особено сега кога посното патешествие полека наближува до својот крај и Страданијата на Спасителот веќе се наѕираат.

Затоа, среде оваа Петта седмица од Великиот Пост, Црквата ни го положила бдението на кое се чита Житието на преподобната мајка наша Марија Египетска – најсилниот пример на покајание, и Великиот покаен канон на светиот отец наш Андреј Критски.

„Од каде да започнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно ридание, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите“.

„Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму ослободи се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му“.

Со боговдахновена вештина големиот Критски химнограф ги слика пред нашите очи личностите и настаните од свештената историја, за преку паралели да ги поврзе со настани од нашиот сопствен живот; делата Божји од минатото – како дела кои се однесуваат лично на нас и на нашето спасение; трагедијата на гревот, како наша сопствена трагедија. Еден по друг излегуваат гревовите од мракот на најтаинствените длабини на срцето и со самото тоа тајноводство до нашето скриено внатрешно битие, Великиот Канон и Житието на Света Марија нѐ приведуваат кон живоносното покајание, покајание не само заради своите лични гревови, туку и за гревовите на сиот свет, на сите оние што отстапиле од Бога, а и на оние што не знаат за Него и за Неговата бескрајна милост, па поради тоа безмерно страдаат. Зашто сите ние сме внуци Адамови и длабоко во себе ги носиме трагите на неговата падната природа и само Божјата милост е таа што нѐ чува од секакво прегрешение.

Во една таква умилителна духовна атмосфера на долгото бдение синоќа, во која просторот и времето како да ги губат своите граници, атмосфера која со зборови навистина и не може да се опише, најголем дар од Бога за нас беше покајничкиот глас и дух со кој нашиот Старец, Епископот г. Партениј, го читаше Житието на Преподобната Марија и Канонот на Свети Андреј Критски. Беше тоа едно небесно покајничко оросување за нас, кое благодатно ги освежи нашите од гревот свенати души, поттикнувајќи ги на покајание. А и самиот наш Старец, напоен од тие чудесни и бескрајно длабоки кладенци на покајанието, како Добриот Пастир нè повика уште еднаш на духовна будност и покајнички подвиг:

Да не заспиваме, браќа мои, да бидеме будни, да ги слушаме овие зборови, напишани не од човечка ученост, туку од лично искуство и доживување на луѓе, кои преку Божјата благодат и личниот подвиг на покајание, станале големи созерцатели на неискажливи духовни тајни. Ете, тие зборови нè повикуваат да се каеме за нашите гревови, ни помагаат да откриеме дека ние, можеби, ја надминуваме и самата Марија Египетска во нашите гревовни дела и помисли. Затоа, да се каеме, мили мои, да се каеме за сопствените гревови, но и за гревовите на сите луѓе. Оти, не треба многу да се потрудиме, за да забележиме дека светот и целото човештво во гревови се потонати, помрачени, богоотпаднати. А нам, Господ, по Неговата неискажлива милост, ни ги отворил очите да го гледаме сето тоа, и да ја гледаме и Неговата спасителна Убавина. Нè удостоил да ги слушаме овие Божествени творби, кои со голема благодатна сила го приведуваат човека кон покајание…

По молитвите на Неговите прекрасни слуги, Света Марија Египетска, на Свети Софрониј Ерусалимски, писателот на нејзиното житие, на Свети Зосим и Свети Андреј Критски, да ни подари нам и на сите луѓе такво големо и искрено покајание, што ќе нè удостои да ја видиме славата и светлината на Христовото свето Воскресение“.

2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-1
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-2
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-6
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-4
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-12
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-11
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-14
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-15
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-16
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-17
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-18
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-25
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-27
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-31
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-33
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-36
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-37
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-38
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-44
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-45
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-47
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-48

Текст и фотографии Бигорски

Continue Reading

Религија

Денеска е Свети Никита Исповедник- многумина болни кои се допреле до неговото тело се исцелиле

Published

on

Според календарот на МПЦ утре е Свети Никита Исповедник.

Роден е во Витинија во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му. Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах.

По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја. Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот.

Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието. Го носеа од затвор во затвор, го мореа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но не даде да се расколеба. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Една ноќ на Никола му се јави неговиот покоен татко во сон и прекорно му рече: „Отстапи од Божјиот слуга!“ Од тој миг Никола се покаја и не само што повеќе не му здодеваше на светителот туку и другите ги одвраќаше да не му здодеваат. Кога царот Лав Ерменин загина со зла смрт, царството го презеде царот Михаил Валвос, а тој ги ослободи православните страдалници.

Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре телото му го пренесоа во неговиот манастир. При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија. Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: