Connect with us

COVID 19

Проф. Д-р Даниловски: Крајот на пандемијата се гледа

Published

on

Проф. Д-р. Драган Даниловски гостувајќи во Студио 10 на ТВ24 истакна дека имунизацијата е мал зрак за надеж дека наскоро ќе излеземе од оваа ситуација. Тој напомена дека крајот на приказната се гледа и дека треба со што помалку солзи да стигнеме до крајот. Според Даниловски ентузијастот на нашите доктори е голем затоа што до крај се борат да немаме луѓе со траги*ен епилог по ходниците, со легла исто така немаме проблем и едноставно останува на нас граѓаните да помогнеме во епилогот на ова планетарно искушение.

„Ние не сме Германија, кога тие вложуваа во единици за интензивна нега, од ЕУ им замеруваа зошто вложуваа толку многу во тоа. Затоа сега се комотни. Но и покрај тоа воведуваат рестрикции затоа што размислуваат 100 чекори понапред. Тоа е разликата од нашиот систем. Иако ние имаме огранични можности, јуначки се носиме со предизвикот. Ентузијастот на нашите доктори е голем. Со легла нема да имаме проблем. Единствено останува ние како граѓани да помогнеме и во епилогот на ова планетарно искушение. Крајот на приказната се гледа, да се воздржиме во егоизми, со што помалку солзи да стигнеме до крајот.

Половина од нашата нација е во контакт со заразата, и без имунизацијата, да ги испочитуваме мерките. Да го задржиме здивот, да сопре се, за да сопре и болката“ – рече проф. д-р Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ24.

COVID 19

Утре пристигнуваат 10 илјади вакцини на „Фајзер“

Published

on

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Continue Reading

COVID 19

Ние сме без осигурување и неплaтeни дежурства во Koвид центрите: Младите лекapи лyти на милионите за пpaтениците

Published

on

Од август минатата година, кога се конституираше Собранието по парламентарните избори на 15 јули, пратениците почнаа 39 седници, но завршија само 19 од нив.

И од тие 19 завршени седници, само 8 беа со предложени закони на дневниот ред. 20 седници стојат незавршени, меѓу нив и 36. седница, на која на дневен ред чекаат трите предлог-закони од петтиот пакет економски мерки за ублажување на последиците од пандемијата на ковид-19.

За 8 месеци пратениците завршија само 8 седници на кои се гласаа закони, а земаа над милион евра за плати и патни трошоци.

На оваа информација жестоко реагираше Асоцијацијата на млади специјализанти кои держураат без пари и здравствено осигурување голем дел во Ковид 19 центрите ширум државата.

А ние ќе дежураме без пари или без здравствено осигурување ќе работиме во Ковид центри, пишуваат од Асоцијацијата.

Continue Reading

COVID 19

Коронавирусот и ги земал најблиските: Прво умрел сопругот, па за три дена ги погребала мајка си, братот, свекрвата…

Published

on

Една од најтрагичните приказни од почетокот на пандемијата доаѓа од Хрватска.

Станува збор за приказната на Снежана Матиќ која имала низа Ковид позитивни случаи во своето семејство, а по нив и телефонски повици кои никој не сака да ги добие.

Таа останала без својот сопруг, брат, мајка и свекрва. Сите починале од коронавирус. За само три дена таа ги погребала своите најблиски еден по друг. Својата приказна, Снежана решила да ја сподели за хрватската емисија “Потрага”.

-Прв кој разви симптоми беше мојот брат. Не се чувствуваше добро. Велеше дека настинал, па постојано се лекуваше со чаеви и витамини. Таа сабота бевме кај него на гости, но се беше во ред. Малку кашлаше. Трет ден потоа, мојот сопруг крена температура, вели Снежана.

Веќе во понеделникот нејзиниот брат Мирко завршил во болница, а два дена подоцна и нејзиниот сопруг бил хоспитализиран. Во меѓувреме се разболела и нејзината мајка Роза која имала 92 години. Неколку дена подоцна, позитивна на Ковид-10 била и нејзината свекрва која била во своите 80ти години.

Речиси цело село било заразено

-Ниту мајка ми, нуту свекрвата излегуваа од дома. Тие буквално не одеа никаде. Во тоа време речиси цело село беше позитивни на Ковид-19. Роберт имаше симтоми кои наликуваа на грип. Имаше температура и болки во коските. Пиеше апчиња за намалување на температурата, но ништо не му помогна. Потоа следеше тешкото дишење. Не можеше да направи чекорм а да не се задиши. Тој не веруваше во корона, и до последно велеше дека е болен од грип, открива таа.

Сепак Снежана решила да не го послуша својот сопруг и да повика брза помош. Тогаш го видела за последен пат. Нејзиниот сопруг бил хоспитализиран, а додека бил во болница успеале да се слушнат неколку пати. Според неа, Роберт верувал дека ќе преживее. Имал само 53 години. За време на војната, Роберт згазнал на мина и останал без едната нога. Оттогаш живеел со протеза, но бил здрав, тврди Снежана.

-Ми велеше дека е подобар. Сите индикации одеа кон тоа дека ќе оздрави. Бев навистина шокирана кога ќе ми јавија од болница дека починал, вели Снежана.

Во наредните неколку дена, истиот број од болницата и свртел на Снежана уште два пати.

-Во 12 на пладне ми јавија дека починала мојата мајка, а во 7 вечерта мојот брат. Ден потоа добив повик и за мојата свекра, раскажува Снежана.

Се уште не знае како е жива

Снежана вели дека се уште не и јасно како го преживеала тој период. Оттогаш има поминато едвај месец дена а таа се уште не може да спие. Седи и размислува.

-Имам чувство дека сопругот ќе влезе низ врата и ќе каже нешто, завршува таа.

За разлика од нејзиното семејство, таа била негативна на сите тестови. Вели дека најмногу и е жал што не успеала да се збогува од своите најблиски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: