Connect with us

Хуманост

Семејствата на Верица и Иле стапија во контакт: Изгубив сестра, но добив брат!

Published

on

Семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чие срце сега чука во градите на младиот Иле Стрезовски од Брвеница, и семејството на Иле, стапиле во контакт. Цветко, таткото на Иле за ,,Фокус” вели дека телефонски разговарал со Мартин, братот на Верче, и целата фамилија не може да се совземе од емоциите. Болка, неизвесност, страв, благодарност, се соочувале со помешани чувства, но како што вели, над се преовладувала огромната благодарност кон хуманата фамилија Белчовски, чиј гест му дал нова шанса на Иле, но и на многу други луѓе.

-Се слушнавме со братот на Верче телефонски. Изгубив сестра, но добив брат, ми рече. Со таа реченица е кажано се, нашата благодарност не може да се опише со зборови, сите ние се уште сме како во сон, полека започнуваме да сфаќаме што навистина се случи.

Двете сестри на Иле заедно со зетот вчера заминаа во Русиново, да присуствуваат на погребот на Верче. Тоа е најмалку што можеме да направиме, да ја покажеме нашата почит кон девојката чиј живот трагично заврши, но и кон нејзиното семејство кое ја покажа целата своја големина со хуманиот гест. Вечно сме им благодарни, да се стабилизира состојбата на Иле, да помине сето ова, секако дека планираме во иднина и лично сите да се запознаеме, да се видиме со луѓето чија добрина ја трогна целата земја – раскажува таткото.

Целосната вест може да ја погледнете на „ФОКУС“

Здравје

ФБ cтaтyc кој ја pacплака Maкедониja: Ajде да помогнеме сите!

Published

on

Во тишината на утринското кафе абер ми дојде да во Болницата Систина за живот се бори едно младо ДЕТЕ по име Тони Илиевски на 38 Годишна возраст оженет татко на две малолетни деца

Тишината ми се затемна протекоја ми солзи кога од братот на тешко болниот Tale Ilijevski ми сподели да до утре на ден 12.05.2021 Година (среда ) во болницата Систина не се уплатуваат парични средства за 1- една недела терапијата на тешко болниот се прекинува!

Болничниот престој во Систина односно со променување на комлетната крв од телото на тешко болниот Тони Илиевски струва- кошта околу 1000,00 Евро не Ден!

На нашето дете тешко болниот Тони Илиевски ДВЕТЕ ДРОБНИ КРИЛА МУ СЕ МНОГУ ОШТЕТЕНИ!

Доколку до утре не се уплатуваат парични средства Болницата Систина го исклучува од терапијата НАШИОТ Тони Илиевски останува во голема опасност по ЖИВОТ

Граѓани на македонија ви КЛЕКНУВАМ НА КОЛЕНА ДА ВИ ПРОСАМ ПАРИ КОЈ КОЛКУ МОЖЕ ДА ДОНИРА ДА ГО СПАСИМЕ НАШИОТ Тони Илиевски АМАН ВИ ЧИНАМ ВО ИМЕ НА ГОСПОД

НЕ СМЕАМ ДА ЗАБОРАВАМ ДА СПОМНАМ ДА НА ТЕШКО БОЛНИОТ Тони Илиевски ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА МУ ПОЧИНАЛА МАЈКАМУ…ТРОШКОВИТЕ ЗА ПОГРЕБЕНИЕТО ИСТО СТРУВАЛО ПАРИ!!!

Да споменувам да од Хуманитарната акција за покојната Верче Белчовска вкупната сума изнесува 852,71ЕВРО

На родителите на Верче по Western union од мои лични пари му испратив 600,00 ЕВРО како што во предходните објави беше ОБЈАВЕНО МОЛАМ!
Останатите 252,71 ЕВРО Одлучив да ги донирам за тешко болниот Тони Илиевски…Убеден сум да и на покојната Верче од тој свет има да муе мило да се Спаси еден живот…Воедно и фамилијата Белчовски мислам дека нема да се против мојата одлука на што јас ОДНАПРЕД МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ НА НИВНАТА ПОДРШКА

Јас со моето семејсво во текот на 2 до 3 Дена на семејството Илиевски односно му подарувам неповратна парична помош 1.000,00 Евро Викам Опростено!

Парите има лично од мене да ги добие по Western union!

Не разликувам дали е Македонец,Турчин,Ром или Албанец

Најголемиот душман да мие нема да го разликувам има да помагам и со последниот денар кога во прашање е ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!

Молам македонската дијаспора и Македонците во Европа доколку се во можност колку може со свите можности да донира На што Однапред ви сум многу ЗАБЛАГОДАРЕН

Апликацијата во gofundme во име на Тони Илиевски е во функција кој сака може и преку таа апликација може да донира Молам на следниот Линк: https://www.gofundme.com/f/garatn?utm_source=facebook…

Во прилог доставувам банкови податоци од Семејството Илиевски кој сака може директно може да уплати на Жиро сметка!

Податоци на Банката:

Sparkasse Banka Macedonija AD Skopje
Skopje Macedonija
Trajce Ilijevski
IBAN: MK072 501 4222 0126 792
SWIFT. BIC: INSBMK22

Донаторските телефонски броеви се поставени во утрешниот ден се очекува за отварање на уште една Телефонска линија!

Телефонска донација Тmobile: Telekom 143116

Во тишината на утринското кафе абер ми дојде да во Болницата Систина за живот се бори едно младо ДЕТЕ по име Тони…

Posted by Hasan Selmanovski on Tuesday, May 11, 2021

Continue Reading

Хуманост

Апел за помош за полицаецот Тони Илијевски

Published

on

Драги пријатели и роднини ве замолувам од срце да му помогнеме на мојот брат близнак кој има само 38 години и го нападна оваа проклета тешка болест ковид 19 и му ги оштети белите дробови и не може самостојно да дише и буквално се бори за секој негов здив и е приклучен на кислородна подршка , при што мораше хитно да го хоспитализираме во приватна клиника Систина и да се бориме за неговиот живот , терапијата и лечењето се многу скапи и не можеме финасиски да си ги дозволиме , ве замолуваме кој колку може да донира од срце за срце , ако неговото срце престане да чука и моето срце ќе престане да чука еден без друг не можеме , не дозволувајте две срца да престанат да чукаат 🙏🙏🙏Тони Илијевски ул.Димче Димовски Кокошарчето број 5 Жиро сметка 250-0140007013-33 – Шпаркасе Банка, Однапред ви благодарам од срце❤️ – пишува неговиот брат како апел за помош.

Драги пријатели и роднини ве замолувам од срце да му помогнеме на мојот брат близнак кој има само 38 години и го нападна…

Posted by Tale Ilijevski on Sunday, May 9, 2021

Continue Reading

Инфо +

Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан во Струмица

Published

on

Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната седница одлучила на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, информира министерот преку својот фејсбук статус.– Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, стои во статусот на министерот.

Дополнува дека семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: