Connect with us

Спорт

Лоши вecти за Македонија: На Европско без Иле (Фото)

Published

on

Фудбалската репрезентација на Македонија останува без еден од стандардните првотимци, затоа што Илија Несторовски ќе има операција на коленото.

Напаѓачот го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, а по деталните проверки, утврдено било дека лигаментите се потешко повредени, па така напаѓачот ќе мора да се опepиpa.

– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, напиша Иле на ФБ.

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк