Connect with us

Uncategorized

Отец Тодоров: Дали знаете што е причест и зошто се причестуваме?

Published

on

Презвитер Ивица ТОДОРОВ

Можеби некому, пред Велигден, ќе му помогнат одговорите на долепоставените прашања:
1. ШТО Е ПРИЧЕСТ?
2. ЗОШТО СЕ ПРИЧЕСТУВАМЕ?
3. КАКО ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА ПРИЧЕСТ?

Пред неколку години на една духовна средба во мојата парохија се говореше на темата за тоа дали е полезно или штетно честото причестување. Како и секогаш, имаше претставници и на едниот и на другиот став. По долга дискусија средбата ја завршивме со акуелизирање на вистината што ја црпиме од самото свето предание на Црквата дека честото причестување е неопходно потребно за секој оној кој сака одговорно да го гради своето спасение (Филипјаните. 2, 12)

Потоа, според логиката на нештата, се отвори прашањето, ако треба често да се причестуваме, колку често треба да биде тоа, а и дали тој принцип важи за сите верници. И тука се наметна проблемот за „достојно“ или „недостојно“ причестување, а и за потребата на јасен критериум кој на верникот ќе му помогне да ја провери својата „достојност“ или „недостојност“.

Светиот апостол Павле во своето прво послание до Коринтјаните пишува:
„Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се ИСПИТА самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.“ (1. Кор. 11, 27 – 28)

Овие зборови на апостолот, особено ако не се толкуваат во рамките на конкретниот контекст за кој се напишани, потикнуваат бура од прашања и јуридички стапици. Тоа и се случи на нашата средба.
Про конзервативните и про либералните струи ги наведуваа своите критериуми околу тоа што значи „достојно“, а што значи недостојно „причестување“ и во екот на полемиката еден од присатните браќа, кој дотогаш скоро индиферентно ја следеше целата полемика, стана од местото на кое седеше и упати прашање до сите:
„Да, јасно е дека треба да се причестуваме почесто, јасно е дека за истото треба да бидеме подготвени, но мене не ми е јасно – ЗОШТО СЕ ПРИЧЕСТУВАМЕ?“

За момент во салата настана молк. Сите некако збунето започнаа да се погледнуваат помеѓу себе, некои дури и се насмеаа на ваквата констатација, но сепак, во очите на сите се примети дека немаат сигурен одговор на ова прашање. И потоа, логично, очите на сите се свртеа кон мене. Во мојот ум започнаа да се вртат цитати од Светото Писмо, од светите отци, од познати литургичари. Скоро сите тие ми даваа информација за тоа како светата Тајна Причест/ Евхаристија е востановена и како историски истата се развива во рамките на литургиското славење, но малку ми засведочуваа – зошто таа постои, зошто христијаните, како ученици Христови и членови на Неговата Црква имаат заповед од својот Спасител да ја примаат во себе.

Се сеќавам дека тогаш, за да одговорам, се повикав на грчкиот термин за светата тајна Причест, а тоа е зборот Κοινωνία. Всушност и грчкот термин за она што ние го нарекуваме Причест, а и црквенословенскиот термин „ Прича́стие “ означуваат исто, означуваат „Заедништво/ Единство“.

Така и во тој правец на поставеното прашање одговорив на таа средба. Одговорив дека целта на нашето примање на Телото и Крвта Христови е во нашата суштинска потреба да го ЗАСВЕДОЧУВАМЕ постојано нашето благодатно единство со нашиот Спасител, но и со Неговата Црква во силата на Духот Свет, а во слава и благодарност/ Ευχαριστία на нашиот Небесен Отец.

По оваа средба започнав поинтензивно да се занимавам со откривање на причината и смислата зошто ние христијаните треба да се Причестуваме.

Првото нешто кое сакав да си го одговорам беше посветено на потребата или нужноста христијаните што почесто да го засведочуваат своето единство со Христа, а преку Него и со Неговата Црква. Одговорот за оваа го пронајдов во следните Христови зборови:

„Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот вечен. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска храна и Мојата крв – вистинско питие. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. “(Јован. 6, 53 – 56)

Особено последните зборови Христови се многу битни за разбирање на смислата зошто се причестуваме, а и зошто тоа треба да го правиме почесто. Тој вели:

„Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.“
Тој преку овие свои зборови ни говори за спасоносната тајна на единството со Изворот на Животот.
Всушност, Христос/ Месијата е Живот!

Тој е Оној, Логосот Божји, преку кого се што постои, во сите димензии на постоењето, доби свое постоење и без Него ништо не може да добие постоење, да добие живот, ако не е во единство со причината на ЖИВОТОТ (Јован. 1, 1 – 4)!
Така и секое човечко суштество, кое егзистира во последиците на падот, во последиците на изгубеното единство со Творецот, повторната можост за возобновување на ЖИВОТОТ, на оној начин на постоење кое е промислено од нашиот Творец, може да го оствари единствено преку и во Христос.
Значи, оние кои преку светата тајна на крштевањето и миропомазанието, оние кои преку покајанието, евангелизацијата и духовното водство од страна на Црква стекнале благодатна свесност за својата духовна состојба и животна насоченост, истите, преку Светата тајна на Причестувањето/ Заедништвото го возобновуваат во себе оној живот кој во себе ја има силата и смислата на веченоста и благословот на светоста, благословот да се постои на оној начин кој беше промислен од самиот Творецот.

“Потоа Бог (Елохим) рече:

„Да создадеме (создавањето на човекот се одвивало по иницијатива на Отецот преку Синот / Логосот – Словото/ во силата на Светиот Дух) човек според Нашиот ОБРАЗ и според нашето ПОДОБИЕ како што сме Ние, . . . (1. Мојсеева. 1, 26)“.

И еве го одговорот зошто се причестуваме!

Се причестуваме за да имаме ЖИВОТ, да бидеме ЖИВИ, но не само во биолошка смисла на зборот, туку да бидеме ЖИВИ, да го имаме во себе оној начин на живот кој во нас го остварува единството со промислата и вољата Божја, а истиот тој начин не подготвува да бидеме и вечно живи во светоста, радоста и полнотата на Царството Божјо како соучесници Божји во неискажливата тајна на вечниот, непрекинлив начин на постоење.

И затоа Христос, на Тајната Вечера, им заповеда на своите апостоли, а преку нив на сите свои ученици до крајот на овој свет и век, оваа света Тајна на Причестувањето/ Заедништвото да ја прават во Негов спомен (Лука. 22, 19/ 1. Кор. 11, 24).

Зошто во СПОМЕН?

Затоа што луѓето по падот, как последица на духовната/ личносната состојба на смртоподобност, започнаа да забораваат. Затоа Христос ни заповеда да го славиме литургиското собирање, да ја принесуваме тајната на неговото Тело и Крв, а како кулминација на сето тоа да се причестиме со Него, за на тој начин да имаме ЖИВОТ, но и да не заборавиме кој ги има навистина зборовите што водат во живот вечен (Јован. 6, 68).


Не случајно, многу јасно е објаснето зошто се причестуваме и во молитвата на застапништвото, која сочинува една целина со канонот на Евхаристијата/ Благодарењето и произлегува од молитвата на призивот, како во текстот на светата Литургија според Св. Јован Златоуст, така и во текстот на светата Литургија според Св. Василије Велики.
Во ова молитва, во Литургијата според Св. Јован Златоуст, ги читаме следните благорадосни зборови кои во полнота се исполнети со вистината на Духот Свет:


„На тие што ќе се ПРИЧЕСТУВААТ (што влегуваат во единство) овие свети Тајни да им бидат:
1. за трезвеност на душите;
2. за простување на гревовите;
3. за присоединување со Твојот Свет Дух;
4. за исполнување на Царството Небесно;
5. за смелост кон Тебе, а не за суд или осудување.
6. Уште Ти ја принесуваме оваа словесна и бескрвна служба за починатите во верата праоци, оци, патријарси, пророци, апостоли, проповедници, евангелисти, маченици, исповедници, подвижници и за секој праведен дух кој починал во верата, а особено за пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.“


Истата молитва, во Литургија според Св. Василије Велики, гласи вака:
„Сите нас, кои се причестуваме од единствениот Леб и Чаша,
соедини не еден со друг во заедницата на единиот Свет Дух и направи никој од нас да не се причести со светото Тело и Крвта на Твојот Христос за суд или осудување, туку да најдеме милост и благодат со сите светии, кои од памтивек Тебе Ти благоугодувале: праоци, патријарси, пророци, апостоли, проповедници, благовесници, маченици, исповедници, учители и со секој праведен дух кој со вера починал, а особено со пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.“

Протопрезвитерот Александар Шмеман во своето капитално дело посветено на оваа проблематика го пишува следното:
„Но така, не знаејќи, но пред се, НЕ ПОМНЕЈЌИ, (современите христијани) го сакаат единството „ОД ДОЛЕ“, на таквото единство тие ја пренесуваат неизгасливата човечка жед за единство. И, не разбираат дека надвор од единството „ОД ГОРЕ“ што ние дадено од Христос, секое единство „ОД ДОЛЕ“ не само што одватре станува бесмислено и и безвредно, туку и неизбежно СТАНУВА ИДОЛ и, колку да ни звучи страшно, ја влече самата религија, самото христијанство, назад во идолопоклонство.

Затоа Црквата, а првенствено православното богословие, сега нема поитна и поважна задача од објаснувањето на опитот и знаењето за единството „ОД ГОРЕ“, т.е. на самата суштина на Црквата што ја ОДВОЈУВА ОД СЕ ВО „ОВОЈ СВЕТ“, но која затоа, затоа што е ТАКВА, ја објавува како спасение на светот и на луѓето.“

Како што напишав и на почетокот, онаа парохиска средба на која говоревме за смислата на ПРИЧЕСТУВАЊЕТО беше пред неколку години. Од таа средба, па наваму, многумина од оние што присуствуваа на неа и се обидоа на вистински начин да ја разберат смилата на тоа ЗОШТО треба да се причестуваме во својот живот – силно га доживеаа плодот од ПРИЧЕСТУВАЊЕТО, силно го доживеаа благодатното Христово присуство и водство преку силата на Духот Свет. Тие го доживеаа силно единството „ОД ГОРЕ“ и како такви тие до ден денес го сведочат тоа единство на тој начин што се неуморни градители на Црквата Христова и неуморни сведоци на надежта која извира од вистината за Царстото Божјо, од вистината за можноста во полнотата на ЖИВОТОТ да бидеме во полнотата на единството во ЉУБОВТА со оние кои се причина за нашата РАДОСТ!

Uncategorized

“Свекрва треба да се сака секој ден, не само на 8ми март”

Published

on

Твитерџиите се уникатни во сè, па и во начинот на кој го честитаат Меѓународниот ден на жената.

Continue Reading

Uncategorized

“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Published

on

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот

Continue Reading

Uncategorized

ЗАХАРИЕВА: Ново дно во РСМ – се гони учител оти носел деца да цртаат во Бугарија, тоа го има само во Русија, Белорусија и С. Кореја

Published

on

Владата на С. Македонија стигна до ново дно: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија, пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

– Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези за да се приклучат кон еден многу фамозен светски клуб. Учител може да биде гонет за такво дело само во Русија, Белорусија и Северна Кореја. А сите си мислевме дека на Балканот сме ја затвориле таа мрачна страница од историјата, напиша Захариева на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа откако вчера, како што објавивме, деца од Македонија биле злоупотребени за политички цели во Бугарија. Станува збор за деца од ликовно студио Мал битолски Монмартр кои без знаење на родителите биле однесени на средби со Претседателот Румен Радев и Симеон Втори, синот на бугарскиот цар Борис Трети.

За истово пишува ДЕНЕШЕН

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк