Connect with us

Забава

Полycвет нeдовeтeн: Вecна Бејби yдpи по Наумовски

Published

on

Да беше жив, македонскиот драмски писател Горан Стефановски на 27 април ќе наполнеше 69 години.

Стефановски од овој свет си замина во ноември во 2018, по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија.

За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола каде неговите родители работеле во Народниот театар – Битола. Неговиот татко, Мирко, бил театарски режисер, а неговата мајка, Нада, глумица.

Голем дел од детството на Горан го поминал во театрите. Негов помлад брат е Влатко Стефановски, добро познат виртуоз гитарист.

Заљубен во англискиот јазик во своите тинејџерски години низ влијанијата на Битлсите и Ролинг стоунсите, Горан се запишува на студии по англиски јазик и литература на Универзитетот во Скопје.

Сепак, тој не можел да го отстрани театарот од својот систем и ја поминал својата трета година студии на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград.

Дипломирал како најдобар студент на својата генерација во Скопје и се вработил во Одделението за драма на ТВ Скопје, а наскоро се вратил на универзитетот за да предава англиска литература, со посебен фокус на Шекспир.

Пред две години, во паркчето спроти Наџак/Идадија во неговото омилено Дебар Маало на денот на неговиот роденден му беше одадена почит на Горан Стефановски.

Во присуство на неговото семејство и братот, гитаристот Влатко Стефановски, како и бројни пријатели, колеги, почитувачи, актери, доајени на театарската уметност се слушаше и неговата најомилена музика.

-Тоа дрво е поставено во спомен на Горан Стефановски. Еден живот згасна, ама тука еве друг започнува. Предлагам да го викаме Горан, или Горанчо нагалено, додека да не порасне, па ајде да му кажеме: Здраво Горане.

Добредојде дрво. Се надевам дека тука ќе ти биде убаво, дека ќе пуштиш длабок корен и дека ќе бидеш среќно, рече неговиот син Игор тогаш.

Деновиве на Твитер се појави цитат од Стефановски, всушност изјава од Лајф магазин од 2008 година во која тој вели:

-Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“, изјавил Стефановски.

На ова Никола Наумовски го критикува нашиот познат драматург и вели: „Национа-лизам. Ама здрав. Својствен за гастрабајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорни историски факти“.

Актерката Весна Петрушевска реагираше на оваа објава со лутина, велејќи дека е го напишал Никола Наумовски, шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

-Ти, платен од наши даноци и вработен како шеф на кабинет на градоначалникот! Полусвет еден, недоветен! Дојди кај мене во актерската школа да слушнеш како звучи Горан Стефановски кај нашите деца и колку ним им значи овој генијалец!

Ништо не ви е значајно оти не читате, не сте достојни за да говорите и да му го спомнете името! Неверојатно! Срамота!!! Притоа ова е беседа на Горан, ама па што ти објаснувам….“

Забава

„Животот почнува со една свеќа на торта, а завршува со една свеќа без торта“: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ емотивно

Published

on

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на 11 мај би го прославил својот 68. роденден, а неговиот син Алекса испрати емотивна порака.

Image

– Како што рековте, животот започнува со една свеќа на торта и завршува со една свеќа без торта. Животот е таа линија помеѓу некои важни броеви и драми, а вечноста е оние три точки што малку луѓе ги пишуваат … Меѓу другото, ти ги напиша одамна. Само да те потсетам на твојот роденден – напиша Алекса.

Continue Reading

Забава

Марјана Станојковска е авион во бикини :) (Видео)

Published

on

Марјана Станојковска со години го носи епитетот за најзгодна водителка.

Без оглед на  тоа дали ќе облече краток или долг фустан, тренерки, елегантни модни комбинации, фармерки или панталони, Марјана изгледа подобро од седмица од лото, а корисниците не се штедат да ја опсипат со убави коментари.

Водителката е активна на социјалните мрежи каде што некогаш знае да промовира производите или модните комбинации на разни брендови, позирајќи од студио, или облечена во модни парчиња кои ја истакнуваат нејзината витка линија.

Иако се уште не започнала летната сезона, но и не знаеме како оваа година ќе бидат летните одмори поради коронавирусот, некои од нашите познати се соблекоа во бикини.

По Милена Антовска, Антониа Гиговска, Лила Филиповска….кои претходниот период беа во Турција со цел промовирање на туристичка агенција и познати турски хотели, и Марјана позираше во бикини.

Continue Reading

Забава

Дали Џенифер Лопез која е среќна што поминува време со Бен Афлек, се врати со него во врска?

Published

on

Џенифер Лопез е среќна со Бен Афлек, пренесуваат светските медиуми.

Латино дивата последните неколку недели беше во друштво на поранешниот партнер по завршувањето на четиригодишната врска со Алекс Родригез, а минатиот викенд, Џенифер и Бен беа забележани во Монтана, каде актерот има вила.

„Таа одлично се забавува со Бен. Среќна е со него и ужива да поминува време со него,“ извор близок до Џеј Ло изјави за магазинот „Пипл“.

Џенифер и Бен беа фотографирани заедно во автомобил во близина на ски- центарот Биг Скај, а таблоидите веќе објавија дека ја обновиле својата романса и дека се многу поврзани еден со друг.

Друг извор рече дека Џенифер била неколку дена со Бен надвор од градот. „Тие имаат силна врска. Сето тоа беше брзо и интензивно, но Џенифер е среќна.“

Таа се сврши со холивудскиот актер во 2002 година и тие требаше да се венчаат во 2003 година, но ја одложија церемонијата само неколку дена пред да се одржи и официјално се разделија во јануари 2004 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: