Connect with us

Религија

Воскресение Христово – Светол Вторник

Published

on

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст.

Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти.

Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа.

За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не и поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

Религија

Православната црква и верниците денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки

Published

on

Православната црква и верниците денес го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец. од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на Свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лечат сите болести.

Continue Reading

Религија

Денеска е Св. Aпостол Симеон, епископ Ерусалимски

Published

on

Свршеникот на Дева Марија, Јосиф, имаше брат по име Клеопа кој живееше во Ерусалим. Во неговото семејство се родија двајцата браќа Јаков и Симеон, кои подоцна еден по друг беа првите ерусалимски епископи.

Свети Јаков го убија ерусалимците во 62 година, а по неговата смрт за црквата во градот се грижеше брат му Симеон. Во 70 година, кога Римјаните го нападнаа Ерусалим, епископот се повлече заедно со целата тамошна црква во градот Пела, од другата страна на Јордан.

А кога Римјаните ја освоија цела Јудеја почнаа да ги гонат Давидовите потомци, за да спречат некој од нив да подигне бунт против освојувачите. Така и овој престарен човек кој тогаш имаше 120 години го доведоа под стража во Ерусалим, барајќи од него да се откаже од Христос.

Старецот ги презре сите закани, ветувања и мачења и најпосле беше распнат на крст во 107 година.

Continue Reading

Религија

Денеска е Томина недела: Блажени се оние кое не виделе, а поверувале…

Published

on

Во оној ден кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, чу дека го виделе Христа, но не поверува. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението.

Он повторно доаѓа при своите ученици, кога вратата е заклучена, како и претходно, но овој пат и Тома е со нив. Откако им го дава Својот мир, му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој тука и види ги рацете мои, принеси ја раката твоја и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку верен. Затоа што не само со видување сакаше да се увериш – за да не се работи за привид, туку спомна и допирање. Затоа стави ја својата рака во моите ребра.

“ Се покажува дека раната на ребрата беше толку широка, што внатре можеше и рака да се стави. Тома испита и преку допирот прими вера, бидејќи му беше допуштено да го гледа и да го твори сето ова на нетленото и конечно обожено тело Христово, и тој извика: „Господ мој и Бог мој“. Едното е заради плотта, а второто заради Божеството. И Христос му рече: „Поверува затоа што ме виде; блажени се оние кое не виделе, а поверувале“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: