Connect with us

Хуманост

„Да подадеш рака на семејствата на кои им е тоа потребно е голема добрина“ -1000 ифтари секоја вечер во Кичево

Published

on

Да подадеш рака на семејствата на кои им е тоа потребно е голема добрина. Така се вика и ифтарот во центарот на Кичево чија организација започна од првиот ден на месец Рамазан и ќе продолжи до самиот крај. Целта е да се подаде рака на сиромашните семејства за и тие да имаат богата трпеза за ифтар. Иницијативата ја започнаа група млади луѓе а потоа се прошири благодарение на бизнисмените од земјава и печалбарите кои секојпат се тука кога станува збор за Кичево.

„Беше душевно задоволство што не може да се опише за тоа колку овие семејства ја чекаа оваа активност. Да ви кажам право без воопшто да се мисли за тоа колку ќе чини оваа иницијатива, заедно со другарите рековме дека треба да направиме секоја вечер и ние го правиме тоа секоја вечер. Почнавме со 100, од ден на ден растеше бројот и стигнавме до над 1000 ифтари“, истакна Шкодран Алили.

Овие активисти овде доаѓаат секој ден и работат по 4 часа без престан за подготовка и сервирање на 1000 афтари кои се прават во центарот на овој град. Тие велат дека не се уморни туку исполнети од тоа што го прават.

„Ова е нешто хуманитарно, да им подадеш рака на тие на кои им треба во Кичево и оваа акција ќе продолжи до крајот на месец Рамазан“, вели активист.

„Се чувствуваме богати бидејќи во ова не се делат Турци, Албанци, сите работиме заедно, Турци, Албанци и Роми. Еден ден не дојдов и многу ми фалеше амбиентот“, додава активист.

„Како што може да се види овие активисти дојдени се доброволно и секој ден расте бројот на активисти. Со оваа акција започнавме од почетокот на Рамазан и ќе продолжиме до крајот на Рамазан“, посочува активист.

Зависно од барањата, ифтари се испраќаат и низ селата во земјава за сиромашните семејства. Вакви иницијативи за делење ифтари имало многу, но оваа ИФТАР КАЈ БЕРЗА е единствената која се одвива цел месец без прекин.

Инфо +

Успешно извршена уште една трансплантација на срце 💕

Published

on

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган“, објави утрово на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Се работи за пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест и со трансплантацијата добива шанса за нов живот.
„Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот“.

Continue Reading

Хуманост

(Видео) Maлечката Мишела oд Куманово: Пepам со ладна вода, ме бoли мешето од што сум гладна, но не и кажувам на мама за да не се нepвира…

Published

on

Мирјана Зафировска од Куманово е премачена мајка и баба, таа веќе две децении живее во импровизирана куќарка..

Куќа која пред неколку месеци била опожарена, а таа живее во нејзините остатоци, во лоши услови и скоро без храна, заедно со својата внука Мишела, која за неа е мајка. Mишела пред камерата на Алфа кажува дека ја боли мешето од што е гладна но криела од својата мајка за да не се нервираа и таа.

Continue Reading

Инфо +

Мајка на 10-месечно бебе е жената-донор која спаси три човечки животи

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи информираше дека остварил средба со семејството на починатата жена чии срце и бубрези беа донирани.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша на социјалните мрежи министерот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: