Connect with us

Инфо +

Царовска: Имаме функционално неписмени ученици

Претставниците од граѓанска иницијатива „Учебници и настава мора да има“  се навредени поради тоа што дојдоа на средба во МОН, но не ги прими министерката поради обврски, туку претставници од министерството.

-Ние побаравме работна средба, очекував дека ќе биде засегната за потребите на граѓаните, меѓутоа со тоа таа не навреди со овој пристап, бидејќи излезе дека локалните средби имаат поголема важност од цела држава и од сите  родители во земјава.-вели Драган Спасевска од Граѓанска иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Сепак, тие велат дека имале конструктивна средба на која се разговарало на неколку точки.

БАРАЊА НА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА  „ УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“

1. Хартиените учебници задолжително да останат во употреба;

2. Да се исклучи родовото сензитивно образование во основното;

3. Да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден;

4.Да се образоложи и аргументира кратењето на фондот на часови по одредени предмети;

5. Да се создадат соодветни услови за децата со попреченост;

6. Протоколи за настава со физичко присуство;

7.Задолжително учество на претставници од групата во измените на законот.

Од коалицијата „Менуваме“ велат дека се повлекуваат од оваа група и поддршката, бидејќи сметаат дека е со партиска позадина.Најавија средба со Народниот правобранител наредната недела.

-Отстапуваме од поддршката на Драгана Спасевска, креаторот на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.Поддршката која ја дававме беше со искрена и добронамерна цел, борба против наметнувањето на електронските учебници во образованието. Како постепено движењето земаше замав и се одвиваше во добри насоки, така притисоците и политичките влијанија ги всадија своите политички идеологии. Политичките влијанија кои го окупираа движењето всади интерес кај одредени лица лично да профитираат и си обезбедат подобра сталешка позиција.-велат од коалицијата „Менуваме“.

Основачката на граѓанската иницијатива демантира за вмешаноста на политиката во оваа проблематика.

-Демантирам дека било која политичка структура стои позади оваа граѓанска иницијатива. Ова е гласот на родителите и само на родителите-вели Спасевска.

Министерката Мила Царовска во интервју за ТВ21 беше децидна дека реформи мора да има. Се работи на тоа чекор по чекор, предлог законот кој беше повлечен по усогласувањето со европските стадарди повторно ќе биде поднесен.

-Првиот чекор на подобрување мора да го направивме, бидејќи сите истражувања и оценувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени-рече Царовска.

Од граѓанската иницијатива која ја сочинуваат околу 70 000 членови  велат дека бојкотот на наставата ќе го стават во мирување. Очекуваат од МОН да ги повикаат до понеделник повторно на разговор за усогласување на ставовите.

Свет

Нови руски напади врз Украина: Повеќе региони останаа без струја и греење

Во нов бран руски напади врз енергетската инфраструктура и станбени објекти низ Украина загинале најмалку шест лица, а десетици се повредени. Според Би-би-си, Русија лансирала стотици ракети и дронови, погодувајќи 25 локации, меѓу кои и Киев, поради што многу области останале без струја и греење.

Најтешко погодени се Дњипро, Запорижја, Полтава, Харков и Киевската област. Украинските власти потврдија дека се оштетени клучни енергетски објекти, но итните служби веќе работат на нивна обнова.

Украинското воздухопловство соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала повеќе од 450 дронови и 45 ракети, од кои 406 дронови и девет ракети биле соборени. Москва, пак, тврди дека целите биле исклучиво воени објекти.

Овие удари, кои се засилуваат со приближувањето на зимата, според аналитичарите, претставуваат тест за издржливоста на украинската одбрана. Претседателот Володимир Зеленски порача дека нападите се уште една причина зошто не смее да има исклучоци од западните санкции за руската енергија.

Continue Reading

Свет

Најголемиот критичар на Кремљ предупредува: Подгответе се за Вторa Студена војна

Најпознатиот руски опозициски критичар Михаил Ходорковски ја предупреди Европа дека треба да се подготви за долгорочна конфронтација со Русија, без разлика како ќе се развива војната во Украина.

„Треба да очекуваме некаква форма на нова Студена војна, која ќе трае најмалку десет години“, изјави поранешниот нафтен магнат на приватен настан во Брисел.

Според него, единствениот фактор што може да ја спречи руската агресија во тој период е уверувањето на претседателот Владимир Путин дека Западот претставува сериозна воена закана.

Поранешниот сопственик на компанијата „Јукос“ е скептичен кон ефектот на западните санкции и украинските напади со дронови, тврдејќи дека тие нема значително да ја ослабат руската воена машинерија. Ходорковски смета дека единствената реална можност за слабеење на Путин била во првите две години од инвазијата – можност што, според него, е веќе пропуштена.

Минатиот месец, руските власти отворија нова постапка против Ходорковски и неговите соработници, обвинувајќи ги за „терористичка организација“. Тој и други руски опозициски фигури во егзил се соочуваат со проблеми во европските банки и при патувања поради ваквите обвиненија.

Ходорковски верува дека еден ден ќе се врати во постпутиновска Русија, но предупредува дека на земјата ќе ѝ бидат потребни децении за да се ослободи од „империјално-воениот наратив“.

„И покрај сè, не сум обесхрабрен. Иднината ми е исто толку реална колку и сегашноста – и токму таа ме мотивира“, изјави Ходорковски.

Continue Reading

Свет

САД и Унгарија склучија договор од 114 милиони долари за нуклеарно гориво

САД и Унгарија потпишаа договор вреден 114 милиони долари за снабдување со американско нуклеарно гориво, соопшти Стејт департментот, оценувајќи ја соработката меѓу двете земји како достигнување нови височини.

Компанијата „Вестингхаус“ ќе го снабдува унгарскиот нуклеарен реактор „Пакс I“, кој произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Договорот следи по средбата на претседателот Доналд Трамп и премиерот Виктор Виктор Орбан во Вашингтон.

Стејт департментот истакна дека со договорот се отвора пат за подлабока соработка во цивилната нуклеарна индустрија, вклучувајќи ги малите модуларни реактори и складирањето на потрошено гориво. Исто така, САД и Унгарија планираат Будимпешта да стане центар на новиот пазар на малите модуларни реактори во Централна Европа, со цел промоција на американските нуклеарни иновации и развој на трансатлантска индустрија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг