Connect with us

COVID 19

Германски виpycoлoг пpeдyпpeдyвa: Heвaкциниpaнитe лицa ќe пpoдoлжaт дa ce зapaзyвaaт и дa ce paзбoлyвaaт

Published

on

Експерт за вируси од Берлин рече дека ова лето во Германија може да има олеснување на рестриктивните мерки.

-Мислам дека ќе го видиме ефектот што може да се припише на вакцинацијата за прв пат во јуни, рече за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин.

На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено.

Но, Дростен предупреди дека не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано. Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, но предупреди дека „болеста нема да исчезне наесен“.

-Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој.

COVID 19

Кина ја одобри Синофарм за деца постари од три години!

Published

on

акцината на кинеската компанија Синофарм против коронавирусот, направена во институтот за биолошки производи во Пекинг, добила одобрување за употреба за деца на возраст од 3 до 17 години во Кина.Можеби ќе ве интересира

Информацијата на прес-конференција ја соопштил Шао Јиминг, истражувач во кинескиот Центар за контрола и превенција на болести.

Кина досега искористила вкупно 845,3 милиони вакцини.

Continue Reading

COVID 19

(Видео) Вест која пpeдизвика потрес: Светските лидери знаеле за можноста виpycот да е излезен од лабоpаторија

Published

on

Извештајот на американското разузнавање кој се појави во медиумите во врска со потеклото на коронавирусот „крена прашина“ во светската јавност.

Во документот се наведува дека коронавирусот „избегал“ од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан.

Кина остро ги негираше обвинувањата, а Скот Готлиб, поранешниот шеф на Администрацијата за храна и лекови, неодамна додаде дополнително гориво на огнот. Тој во изјава за медиумите рече дека еден од водечките американски епидемиолози, д-р Ентони Фаучи, не ја отфрлил хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата.

Готлиб истакнува дека Фаучи ги запозна светските лидери со хипотезата за бегството на оваа инфекција од лабораторијата во Вухан минатата година, бидејќи тој беше на состанокот на Светското здравствено собрание. Потоа тој призна дека вирусот изгледал „невообичаен“, откри Готлиб, како што пренесе „Спутник“.

Continue Reading

COVID 19

Индиски сој на Ковид-19 детектиран во Македонија

Published

on

Министерството за здравство информира дека минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2.

Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.

Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: