Connect with us

Uncategorized

Бикoт ќe бидe гopд, Cтpeлeцoт ќe ycпee дa ги ocтвapи цeлитe

Published

on

ОВЕН

Пред вас е генерално добар ден за работа. Може да се потпрете на работните партнери и соработници. Се сомневате во партнерот, и односот паѓа во минус фаза поради вашата љубомора. Можни проблеми со забите.

БИК

Ве очекува период во кој ќе може да се свртите кон некои постигнување и да се почувствувате горди поради тоа. Размислувате за заеднички живот, и сметате дека сте подготвени на таков чекор со саканата личност. Можни проблеми поради хормони.

БЛИЗНАЦИ

Ако останете доволно сконцентрирани на својата работа, ќе успеете да решите некои проблеми кои ве оптоваруваат. Ви следува зближување со личност која ви значи. Поволен ден за почеток на нова врска. Избегнувајте си ги сите пороци.

РАК

Ако сте претерано пасивни и недоволно посветени на работата, лесно би можело да се случи да направите некои големи грешки. Можеби несвесно партнерот сте го довеле до незгодна ситуација и сте го повредиле. Одморајте и опуштете се.

ЛАВ

Немојте премногу да се преоптоварувате со туѓата работа, туку максимално посветете се на своите обврски. Потрудете се со сканата личност да бидете искрени и да и покажете каков однос сакате. Без поголеми проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Пред вас е добра фаза во која ќе може да решите некои мали компликации. Можен почеток на љубовна врска. Ве очекува средба со личност која многу позитивно ќе ве изненади. Поволен период за опоравување.

ВАГА

Пред вас е период во кој ќе имате мали компликации поради некои нерешени ситуации од минатото. Ако превземете иницијатива кон личноста која ви се допаѓа, ќе успеете да остварите добар однос. Можни проблеми со синусите.

ШКОРПИЈА

Работата ви оди од рака без големи проблеми и компликации. Може да очекувате поволен ден. Неопходно е да го смените пристапот кој го имате кон личноста која ви се допаѓа, ако сакате да го добиете вниманието. Наклонети сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели во следниот период. Потрудете се со саканата личност да остварите компромис. Важно е да бидете посветени еден на друг. Чувајте се во сообраќај.

ЈАРЕЦ

Константно сте напнати и лесно може да влегувате во лесни конфликлти и караници на полето работа. Подготвени сте на саканата личност да и дадете до знаење се она што ви пречи кај неа. Најдете повеќе време за сон и одмор.

ВОДОЛИЈА

Очекувајте дека денеска на работа ќе имате некои мали непријатности кои ќе ве оптоваруваат. Сонувате за личност која ви се допаѓа. Доаѓа време вашиот однос да се конкретизира. Можна главоболка.

РИБИ

Немојте многу да трошите, туку покажете дека знаете да штедите. Се двоумите околу емотивни одлуки. Не сте сигурни во кој правец треба да се насочите. Чувствителен нервен систем.

Uncategorized

“Свекрва треба да се сака секој ден, не само на 8ми март”

Published

on

Твитерџиите се уникатни во сè, па и во начинот на кој го честитаат Меѓународниот ден на жената.

Continue Reading

Uncategorized

“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Published

on

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот

Continue Reading

Uncategorized

ЗАХАРИЕВА: Ново дно во РСМ – се гони учител оти носел деца да цртаат во Бугарија, тоа го има само во Русија, Белорусија и С. Кореја

Published

on

Владата на С. Македонија стигна до ново дно: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија, пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

– Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези за да се приклучат кон еден многу фамозен светски клуб. Учител може да биде гонет за такво дело само во Русија, Белорусија и Северна Кореја. А сите си мислевме дека на Балканот сме ја затвориле таа мрачна страница од историјата, напиша Захариева на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа откако вчера, како што објавивме, деца од Македонија биле злоупотребени за политички цели во Бугарија. Станува збор за деца од ликовно студио Мал битолски Монмартр кои без знаење на родителите биле однесени на средби со Претседателот Румен Радев и Симеон Втори, синот на бугарскиот цар Борис Трети.

За истово пишува ДЕНЕШЕН

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк