Принцот Хари во своето гостување на подкастот „ Armchair Expert “, водено од холивудскиот актер Дакса Шепард открил досега непознати детали од животот.
Имено, тој отворено говорел за неговото запознавање со Меган Маркл, и го споредил животот во кралското семејство со животот на Труман Бурбанк, кого камерите го следат неговите стапки уште од раѓањето.
“Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме состанок во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познаваме, си испраќавме пораки едни на други. Луѓето ме гледаа, ми праќаа чудни погледи, доаѓаа кај мене да ме поздрават,„рече Хари.
“Имав капа на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гуми за џвакање има на подот, тотален хаос”, додава тој.
Тој призна дека никогаш не се чувствувал вклопен во кралското семејство.
“Тоа е работа, нели? Стави насмевка и оди понатаму. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направија на мајка ми. “, признал Хари, при тоа додавајќи дека знае како изгледа зад сцената и дека не сакал да биде дел од тоа.
Меган го охрабрила Хари да побара помош од психотерапевт затоа што постојано бил лут поради мешањето на медиумите во неговиот живот.
“Кога започнав да одам на терапија, се чинеше дека балонот пукнал. Ја извадив главата од песок, добро ја протресов и сфатив дека сум во привилегирана позиција, да престанам да се жалам и да престанам да мислам дека сакам нешто поразлично”, рече тој.
Пред седум години, го започнал спортскиот настан Игри Инвиктус за да им помогне на другите и да си помогне себе си.
“Сфатив дека морам да ги променам работите затоа што не можам да се извлечам. Се прашував како да се направат работите поинакви, како да се направи мајка ми горда и да ја искористам платформата за да направам вистински промени”, вели Хари.
Тој рече за тако му Чарлс дека страдал поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета, а тоа потоа го засегнало и него. Чарлс се однесувал кон Хари како што се однесувале Филип и Елизабета кон него.
„Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдал од болка што ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус за да не го пренесам “, заклучува Хари.
Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.
Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.
Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.
Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.
-Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.