Maкедонија има на што да се гopдee: Ocвоивме 45 медали на Европско натпреварување во Србија

92 натпреварувачи и тренери од 11 македонски кик бокс клубови беа дел од кикбокс репрезентацијата на Македонија која предводена од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија М-р Дејан Митровски Урко овој викенд во Белград од 14-16 Мај 2021 год достојно ја претставија нашата земја на WАКО Европскиот куп Србија Опен.

Вкупно освоени медали на македонската кикбокс репрезентација:
15-златни медали
14-сребрени медали
16-бронзени медали.

Поединечно резултати по клубови кои ги освои Македонија:

КБК Шампион Магнус тим – Скопје
3-златни
4-сребрени
2-бронзени

КБК Гладијатор – Скопје
2-злата
0-сребрени
2-бронзени

КБК Предатор-Куманово
0- златни
1-сребрени
4- бронзени

КБК Тетово-Тетово
1- златни
0- сребрени
1- бронзени

КБК Викинг- Скопје
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

КБК Гладијатор-Стип
2- златни
0- сребрени
2- бронзени

КБК Будо-Кавадарци
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

КБК Будо -Велес
1- златни
2- сребрени
1- бронзени

Најуспешен од македонските клубови е КБК Шампион Магнус Тим од Скопје.

Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски Урко изјави дека со оглед на последиците од Ковид 19 пандемијата и кризата во спортот во Македонија која произлезе како резултат на селективната забраната за тренинг на нашите репрезентативци и другите индивидуални спортови, сепак успеавме да донесовме огромен број медали и нашата земја ја претставивме гордо и како што и доликува.