Connect with us

Истражување

Токсичен отпад увезуван како мазут, малверзации за загаден воздух, кој не труе !?(Видео)

Published

on

Огромни количества на отпадно масло, кое било увезувано во државава и било наменето за продажба на големи индустриски капацитети, како и за загревање на државни институции, било декларирано како мазут, открива новинарската истражувачка лабораторија ИРЛ.

Илјадници тони отпадно масло, со потекло од ЕУ, каде била забранета неговата употреба во урбани средини поради токсичноста, завршувало во земји надвор од Унијата, меѓу кои и Северна Македонија, во 2018 и 2019 година, со посредство на неколку фирми од државава и потоа било продавано на големи компании како поранешен Фени, сегашен Еуроникел од Кавадарци, фирмата Брако од Велес, а преку системот на јавни набавки завршувал и како масло за греење во котлите на Министерството за одбрана, како и во седум државни болници и родилишта.

Истражувачкиот тим на ИРЛ утврдил дека опасниот отпад ги минувал границите на повеќе европски држави, при што, во ЕУ земјите бил деклариран како индустриско отпадно масло со статус на опасен отпад, додека пак во земјите што не се во Унијата, како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово бил деклариран како масло за греење односно мазут и со така изменет тарифен број бил увезуван и во нашата држава. Еден од увозниците била и кичевската фирма Евротим ГДС, чиишто сопственици биле Илија Срезоски и неговиот зет за ќерка Гоце Стефаноски, открива ИРЛ. Најголем корисник, пак, на овој штетен енергенс бил екс-Фени сегашен Еуроникел кој бил снабдуван со околу 2500 тони месечно, како и Брако, каде еден од ко-сопствениците е и поранешниот вице-премиер за економски развој Кочо Анѓушев, инаку близок со едниот од сопствениците на Евротим ГДС. Притоа, името на Анѓушев се поврзува со зделката за набавка и за користење на отпадното масло наместо мазут во нашата држава.

Ова го открива серијалот на ИРЛ “Редакција” во својата прва епизода. Во неа се открива една од најголемите македонски тајни во последниве неколку години поради кои илјадници луѓе починаа или имаат здравствени последици.

“Дали ја гледаше епизодата „Заговор против воздухот“ која разоткрива малверзации околу загадениот воздух?
Имаш право да знаеш кој профитира и кој стои зад незаконските набавки на токсичен мазут. Ако ова ти изгледа шокантно, погледни ја целата епизода”, пишува во најавата на ИРЛ.

Истражување

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

Published

on

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош, објави МКД. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“.

(илустрација МКД)

Албанецот Марку Герти (38) Е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји.

Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави.

Бразилката Карине Де Оливеира Кампос, пак од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин.

Целата анализа на МКД.мк

Continue Reading

Инфо +

1.500 евра за 10 дневен одмор во Охрид?

Published

on

Дека Охрид е Европски бисер нема сомнеж, но дали со проценетата просечна вредност на еден одмор од десет дена на 1,500 евра ќе ги задржат македонските туристи, прашуваат во прилог од ТВ21.

„Минатата година 70% од капациетите на охридско -струшкиот регион беа исполнети со домашни туристи. Тоа беше почеток за кој треба да размислуваме за поголема концентрација на туристите од нашиот регион да се задржат во Охрид или во Струга, бидејќи има неколку фактори домашните туристи да останат во нашата држава“, истакна Љупчо Цветановски.

Еве, што велат цените кои се одлучувачки при избор на дестинација за летен одмор. Во Охрид хотелско сместување во хотел со 3 или 4 ѕвезди со појадок и вечера би ве чинело од 25 до 30 евра од ден. Во јули и август цената во хотел со 4 ѕвезди за  еднокреветна соба би ве чинела 51 евро од ден, двокреветна 74 евра и трокреветна од 99 евра  до 150 евра од ден или 10 ноќевања со појадок, без лежалка за 1 000 евра до 1 500 евра.

Овие цени се повисоки и од оние хотелски сместувања покрај море во Турција, Албанија, Египет каде што ова лето може да се летува со хотелско сместување ол инклузив за 300, 400 и 500 евра, каде за деца до 15 години е бесплатно.

Се чини дека сепак, на Охриѓани предизвик им се странските туристи. Балканот и Македонија се  атрактивни за гостите од Америка, азиските гости, европските  велат.

„Првата група која ни доаѓа е на 20 јуни што ме радува многу. Тоа е еден факт дека светот се отвора Америка ја победува короната и Американците можат слободно да патуваат во светот“, посочи Филип Стефановски.

Со 15.000 денари и годинава ќе се субвенционираат работниците со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари за да одат на одмор. Претходната година 12.000 денари беа определени за оваа програма.

Continue Reading

Истражување

(Фото) Haд 1000 лyѓe гoдишнo yмиpaaт кaкo peзyлтaт нa зaгaдyвaњeтo нa вoздyхoт вo Македонија!

Published

on

Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само 2 милиони граѓани, пишува Euronews.com.

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk.

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Скопје здив на свеж воздух.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: