Граѓаните кои немаат антитела од Синофарм треба да се вакцинираат со трета доза од друг производител

Професорот на Медицинскиот факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за Слободен печат вели дека во случаите каде што граѓаните и по две дози од Синофарм вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител.

Според него, најсоодветен производител за оваа намена е Фајзер, бидејќи имунолошкиот систем на постарите граѓани е исцрпен, а фајзеровата вакцина дава посилен стимул на имунитетот да реагира адекватно.