Connect with us

Инфо +

Скопското средно училиште ,,Марија Кири Склодовска”, со уникатни стручни профили, меѓу кои и техничар за животна средина

Published

on

СУГС „Марија Кири-Склодовска“ – Скопје нуди нов стручен профил за идните средношколци – техничар за заштита на животната средина.

Полуматурантите ги одбројуваат последните денови во основното образование и веќе активно се подготуваат за тоа каде и како ќе го продолжат своето средно образование. Исправени пред предизвикот што да биде нивниот избор од кој во голема мера ќе зависи и нивната професија, на идните средношколци потребен им е широк спектар на информации за тоа што нудат средните училишта ширум земјава. Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Скопје веќе ги објави деталните информации за првото пријавување од јунскиот уписен рок за претстојната учебна 2021/2022 година, како и за профилите што ги нуди оваа образовна институција со повеќе од петдеценсико искуство.

Ова училиште го нуди и новиот образовен профил – техничар за заштита на животната средина како резултат на се понагласениот предизвик на современото живеење – екологијата и заштитата на животната средина. „Бидете стручни лица, оспособени со техники и знаења со кои директно ќе се вклучите во заштитата на животната средина.

Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром веќе ги објави деталните информации за првиот уписен рок за претстојната учебна 2021/2022 година, како и за профилите што ги нуди оваа образовна институција со повеќе од петдеценсико искуство.

Изучувајте: Загадување и заштита на вода, почва и воздух; Испитување на вода, почва и воздух; Одржлив развој; Обновливи извори на енергија; Управување со отпад; Климатски промени; Алтернативни извори на енергија; Форензички испитувања и многу други стручни предмети, поткрепени со практична настава, учење кај работодавач и феријална практика. Заштитете ја животната средина како професионалец! “, порачуваат вработените од училиштето. Првото пријавување ќе биде на 14., 15., 16. и 17. јуни, а потребни се следниве документи: пријава за упис, оригинални свидетелства од шесто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари. „Марија Кири-Склодовска“ ги нуди следниве струки и профили: Хемиско-технолошката струка ги нуди профилите: хемиски-лабараториски техничар, техничар за козметички и хемиски производи и техничар за заштита на животната средина. Здравствената струка ги нуди профилите: фармацевтски техничар, медицински лабараториско-санитарен техничар и болничар-негувател. Предвидени се и две паралелки за профилот техничар за очна оптика од струка лични услуги. „Ќе ја испратам оваа порака до идните ученици: Дојдете и запишете се во ова училиште, нема да погрешите. Образованието е темел на една држава. Најхуманата мисија што секој еден од нас ја има како просветен работник е моделирање на личностите кај младите, кај нашите поколенија. Нема неуспешни ученици, постојат само неуспешни наставници кои не се вложиле себеси за да постигнат резултати. Ви ветуваме дека како и во досегашното пет децениско искуство на училиштето ќе дадеме поддршка во реализирањето на потенцијалите на идните ученици и заеднички ќе се гордееме на успесите. Ќе обезбедиме средина и услови за идните средношколци, кои ќе истражуваат, ќе експериментираат, ќе пронаоѓаат…

„Направете го најдобриот избор за Вас – Бидете и вие Кири“. “ – порачува Дарко Спасев, актуелен помошник директор. Надлежните порачуваат дека наставата се одвива во продуктивна и креативна средина која на учениците ќе им ги отвори вратите успешно да се снајдат на пазарот на труд.


Првото пријавување ќе биде на 14., 15., 16. и 17. јуни, а потребни се следниве документи: пријава за упис, оригинални свидетелства од шестто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари.

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading

Македонија

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Published

on

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк