Connect with us

Приказни

Од црвениот тепих на Холивуд решил да се пресели во село: Сега сум земјоделец и не ми недостига ништо од тој лажен свет!

Published

on

Познатиот холивудски актер Адријан Грениер во интервју за списанието „Остин лајф“ проговоре за неговата преселба од Лос Анџелес во Тексас и што било причина за да го напушти холивудскиот живот.

44-годишниот актер, најпознат по улогата на Винсент Чејс во хит-шоуто „Entourage“ на „HBO“, изјави дека првпат купил имот во Остин пред пет години и веднаш му се допаднала културата.

„Имав пријатели овде, водев бизнис тука и ми се допаѓаше темпото“, рече Грениер. „Луѓето се паметни и успешни, но тие не го истакнуваат тоа. Нема што да се докаже, луѓето ве прифаќаат и едноставно веднаш се чувствувате добро“, додаде тој.

Откако со години живеел во Лос Анџелес и бил вклучен во активизам за животната средина, Грениер вели дека се чувствувал одделен од работите за кои се залагал.

„Во последните 20 години се занимавав со еколошка работа. Отворив непрофитни организации, сите дизајнирани со цел да им кажам на луѓето да живеат повеќе во согласност со природата – а сепак, јас не живеев на тој начин“, истакна тој.

На крајот, Грениер се посветил на својот живот, велејќи дека „мора да се справи со некои лични работи“ што претходно ги избегнувал. Тој и неговата девојка, студент по акупунктура по име Џордан Ромеле, купиле куќа надвор од Остин.

И покрај заминувањето на село, актерот вели дека не се кае што живеел во големите градови.

„Не ми недостига ништо за тој свет. Ако се уклучите на Инстаграм, ќе го видите тој страв да не се пропушти нешто, но сите само се преправаат дека го живеат својот најдобар живот“, вели тој.

Од последната сезона на „Entourage“ во 2011 година, Грениер се појави во различни проекти, вклучувајќи го филмот „Trash Fire“ од 2016 година и филмот „Marauders“ од 2016 година. Актерот и активист беше именуван за амбасадор на добрата волја на Обединетите нации за време на Светскиот ден на животната средина во 2017 година.

Приказни

АУДИО СВЕДОШТВО: Во кумановската модуларна болница ми земаа мито за да го облечат дедо ми кој почина

Published

on

Откако нејзиниот дедо починал во кумановската модуларна ковид болница, болничарите и побарале мито од 3 илјади денари за да го облечат, а болницата на семејството не му дозволила да одбере со кое погребно претпријатие ќе го испрати во вечното почивалиште покојникот, сведочи за „Слободен печат“ кумановката Валентина Пешиќ. Според Пешиќ, болницата тврдела дека соработува само со едно погребно претпријатие и дека погребот и протоколарниот дел околу изнесувањето на покојникот од болничкиот објект морало да се случи исклучиво преку тоа погребно претпријатие.

Како што дознаваме, за случајот ќе се ангажира и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи облекување на покојник во ковид-центрите не е дозволено.

– Ни кажаа дека треба однапред да им платиме 3 илјади денари за да го облечат дедо ми. Мајка ми праша дали може да даде две илјади денари, бидејќи не носеше во моментот со неа повеќе пари. Ја одбија. Потоа им кажавме дека погребното претпријатие ќе го облече дедо ми. И тоа го одбија. Ни рекоа дека тие ќе викнат погребно претпријатие, дека соработувале само со едно и освен него, никој друг не ги носел починатите од ковид. Се збунивме, но бидејќи бевме во шок, мајка ми даде две илјади денари, а не и дадоа ни потврда дека платила, вели Пешиќ за „Слободен печат“.

Нашата редакција го објавува целосно аудио материјалот од нејзиното сведочење во продолжение. Во него таа низ солзи раскажува дека дедо и починал без вода и храна.

Аудиото на следниов линк:

Continue Reading

Приказни

Cе зaкaнуваа дека ќе ме УБИJAТ, ама ќе ја откријам виcтината за ПОЖАРOТ во Тетово❗

Published

on

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу за Дојче Веле.

Текст и Фото: Арбнора Мемети, Дојче Веле

Continue Reading

Рекла Казала

Да бевме Британија досега ќе немавме НИТУ ЕДЕН МИНИСТЕР во Владата

Published

on

Професорот Жидас Даскаловски пренесува анализа на причините поради кои во Велика Британија функционери давале оставки во последниве десетина години.

Причините за оставка на островот се движат од непријавени средби со испраќање на соработник на министер на средба.

Со вакви строги критериуми кај нас досега ќе немаше ниту еден функционер до трет ешалон што немаше да достави оставка.

Министерот Филипче и покрај 14 живи изгорени пациенти во спорно набавена ковид болница не даде неотповиклива оставка туку чека дали премиерот Заев ќе му прости и ќе го остави за министер.

Сите причини за оставки во Лондон:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк