Црвени фустани среде градски парк: Сексуалните работници бараат дозвола да си вршат професијата (Фото)

Црвени фустани среде градски парк беа прикачени во знак на меѓународниот ден на сексуалните работници. Преку оваа уметничка инсталација заедницата на сексуални работници бараат декриминализација и признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор.

Од надлежните бараат да се унапредат здравствените, социјалните и работничките права на оваа група граѓани.

Активистите од овој настан испраќаат порака ако е познато дека сексуалната работа е една од најстарите професии во светот тогаш време е да се препознаат и нивните права.

Од Владата велат дека се разгледуваат овие барања и во тек се разговори за измени во кривичниот законик за што се вклучени и претставници на невладиниот сектор.

Меѓународниот ден на сексуалните работници започнува да се слави од 1975 година, на 2-ри јуни кога 100 сексуални работници ја окупирале црквата Свети Низиер во Лион, Франција.