Connect with us

Инфо +

Охрид ли е Монте Карло ли е: 100 ДЕНАРИ ПАРКИНГ ЗА ЕДЕН ЧАС ако сакате да паркирате во центарот на Охрид летово

Published

on

Ако сакате за време на летната сезона да паркирате во строгиот центар на Охрид ќе треба да платите 100 денари за еден час.

Ова е одлучено на Советот на Општина Охрид.

Согласно одлуката на Советот за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Македонија

Спасовски: Подготвени сме да ги прифатиме беглаците од Украина

Published

on

Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на укр аинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека државата има активирано Директива за привремена заштита и покрај тврдењата на Здружението на млади правници дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина ја немаат активирано таа директива.

– Не, ние имаме активирано таков механизам како држава. Целосно сме подготвени. Имаме влез на околу 21 илјада украински државјани на територијата на државата, пред се, кои се во роднински или пријателски врски со наши државјани, а дел од нив работат во ИТ компании кои доаѓаат тука. Има мал број на лица коишто поднеле барање и им се издава престој од хуманитарни причини. Меѓутоа, како држава сме целосно подготвени доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, изјави Спасовски.

Зоран Дранговски од Македонско здружение на млади правници посочи дека располагаат со бројка од неколку илјади украинци, кои претстојуваат и оти се соочуваат со сериозни потешкотии во земјава.

– Земјите од ЕУ ја активираа т.н Директива за привремена заштита која ја има и во нашиот Закон за меѓународна заштита, меѓутоа Република Македонија не ја активираше таа заштита и практично бегалците од Украина се оставени сами да се снаоѓаат со решенија во однос на нивниот статус. Еден дел од нив веќе аплицираа за привремена заштита, еден друг вид заштита кој се дава согласно Законот за странци, не е заштита од типот како за бегалци наменета, бидејќи со оваа заштита тие неможат да работат, да користат здравствено осигурување, освен ако не си плаќаат сами приватно, не можат да добиваат бесплатно образование итн, рече Дранговски.

Најголем дел од нив државава ги третира како туристи.

– Тие се влезени тука согласно тој престој од три месеци, немаме информации дали сите регулирале престој или не, но нема државата посебен систем кој ќе овозможи заштита на бегалците од Украина. Иако постои редовната постапка за добивање на право на азил, мал број се одлучиле да побараат азил, според информациите со кои ние рапсолагаме, и не знаеме од кои причини, можеби се уште се во очекување на една ваква колективна заштита која Македонија треба да им ја пружи на овие бегалци, додаде Дранговски.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити информира дека во Република Северна Македонија се присутни околу 250 до 300 лица од Украина.

– За нив комплетно се грижи Црвениот крст во смисла на помош и поддршка во делот на хуманитарните потреби и здравствената грижа. Подготвени сме имаме обезбедени средства и луѓе, до крај да им излеземе во пресрет. Работиме на проширување на нашите услуги кон нив, подготвуваме просторија за децата укра инци да пристапиме на еден поинаков начин, да ги задоволиме нивните потреби на таа возраст, рече Саити.

Во однос на бројката од над пет милиони бегалци, кои се наоѓаат на територијата на Турција, министерот за внатрешни работи Спасовки посочи дека се потенцијален проблем и за нашата држава, но и за регионот и за Европската унија.

– Затоа е од исклучителна важност како ќе функционира договорот ЕУ и Турција. Јас се надевам дека како и досега успешно ќе се менаџираат тие односи се со цел да не се предизвикаат поголеми предизвици пред сите нас да стојат во делот на справувањето со миграцијата. Сакам да напоменам дека сите овие мерки коишто ние ги преземаме се мерки за справување со последици од миграцијата. Ова не се мерки за решение на проблемот. Проблемот со миграцијата треба да се решава од изворот, нагласи Спасовски.

Според министерот, низ територијата на нашата држава од 2015 до јануари 2016 година поминале околу 1.100.000 лица.

Continue Reading

Свет

Германија лута на САД поради екстремно високите цени на гасот

Published

on

Германскиот министер за економија во средата обвини неколку земји, вклучително и САД, дека наплаќаат премногу за гасот чиј недостаток предизвикува голема криза во европските држави.

„Некои земји, дури и пријателските, во некои случаи поставуваат астрономски цени“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за весникот Ноје Ознабрикер Цајтунг. 

„Тоа предизвикува проблеми за кои мораме да разговараме“, дополни тој. 

Руската инвазија врз Украина предизвика драматична енергетска криза во Германија, која претходно обезбедуваше над 55 проценти од своите потреби од Русија. Москва постепено го намали снабдувањето од почетокот на инвазијата врз Украина, а Берлин верува дека е тоа одмазда поради неговата поддршка за Киев. За да се надополни празнината, Германија инвестира во поскап течен гас (ЛНГ). Германија и други европски држави се свртеа кон САД од каде сега се обезбедуваат 45 отсто од европскиот увоз на ЛНГ, далеку повеќе од увезените 28 проценти во 2021 година. 

„САД се свртеа кон нас кога пораснаа цените на нафтата, и како резултат на тоа резервите на нафта во Европа се истенчија. Мислам дека таква солидарност ќе биде добра за намалување на цените на гасот“, рече Хабек. 

Координирано купување 

Германскиот министер бара од ЕУ да се координира купувањето на гас за да се спуштат цените.

Блокот треба „да ја здружи својата пазарна моќ и да организира паметно и синхронизирано куповно однесување меѓу државите на ЕУ, така што поединечните земји на ЕУ да не се наддаваат едни со други и не ги зголемуваат цените на светскиот пазар“, рече тој.

Германија минатата недела најави план вреден 200 милијарди евра за заштита на своите потрошувачи од растечките цени на енергенсите.

Но, планот наиде на критики од Франција и други земји на ЕУ кои се залагаат за сеопфатни решенија за енергетската криза.  

Continue Reading

Балкан

Вучиќ ја исплаши Србија: Страв ми е, повеќе од кога било, од она што доаѓа…

Published

on

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека пред Србија е „тежок период, потежок од оној во деведесеттите години“.

Вучиќ на претставувањето на Собраните дела на Милорад Екмечиќ во Белград кажа дека е загрижен поради глобалната ситуација предизвикана од војната во Украина.

„Повеќе од кога било ми е страв од она што ѝ претстои на Србија“, кажа Вучиќ. Додаде дека верува дека до нова Сталинградска битка ќе дојде многу побрзо отколку што се мисли и дека останува прашањето „каде ќе бидеме ние Србите, што ќе правиме со себе“.

„Ќе успееме ли да го сочуваме левиот или десниот брег на Дунав за себе, а не за некој друг? И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и српската душа, но секогаш се сеќаваше и што ѝ е потребно на српската глава“, кажа Вучиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк