Connect with us

Спорт

Европа го загуби кошаркарскиот Моцарт – 28 години од смртта на легендата Дражен Петровиќ

Published

on

Пред 28 години на денешен ден во сообраќајна несреќа животот го загуби еден од најдобрите кошаркари кои Хрватска и Европа ги имала, Дражен Петровиќ, кошаркарскиот „Моцарт“.

Петровиќ животот го загуби со вообраќајна несреќа на автопатот меѓу Нирнберг и Минхен, Германија.

Дражен Петровиќ последниот натпревар го одигра во дресот на Хрватска, против Словенија, квалификации за Европското првенство, турнир кој се играше во Вроцлав, Полска.

Неочекувано Петровиќ решил по натпреварот од Франкфурт да замине со автомобил заедно со девојката Клара и турската кошаркарка Хилал Едебал, иако сите други играчи останале во хотел да преноќат.

На пат за дома, Петровиќ со неговиот автомобил се заби во камион, тој излетал од автомобилот и го загуби животот, Едебал беше во кома, неговата девојка Клара мина со лесни повреди.

Дражен Петровиќ на 15 години дебитираше во првиот тим Шибенка, потоа следуваше трансфер во Цибона со која два пати го освои наслвот европски првак, со овој клуб победи во тогашна Југославија во која триумфирше и во Купот, на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984 година.

Од Цибона замина кај Реал Мадрид, со „кралевите“ ја освои тројната круна, птоа се пресели во НБА, во екипата на Портланд.

Во Портланд се задржа две сезони и потоа стана играч на Њу Џерси каде го потврди својот квалитет.

Со селекцијата на Југославија во 1986 година на СП освои бронза, а четири години подоцна во Аргентина стигна и до златен медал. Со репрезентацијата на Хрватска освои сребрен медал на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк