Connect with us

Инфо +

Жител на Дебар тешко ранет со огнено оружје

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.

Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ“, во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид“, е приведено.

-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.

Според него, пациентот бил во свесна состојба и  контактибилен.

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Свет

Нови руски напади врз Украина: Повеќе региони останаа без струја и греење

Во нов бран руски напади врз енергетската инфраструктура и станбени објекти низ Украина загинале најмалку шест лица, а десетици се повредени. Според Би-би-си, Русија лансирала стотици ракети и дронови, погодувајќи 25 локации, меѓу кои и Киев, поради што многу области останале без струја и греење.

Најтешко погодени се Дњипро, Запорижја, Полтава, Харков и Киевската област. Украинските власти потврдија дека се оштетени клучни енергетски објекти, но итните служби веќе работат на нивна обнова.

Украинското воздухопловство соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала повеќе од 450 дронови и 45 ракети, од кои 406 дронови и девет ракети биле соборени. Москва, пак, тврди дека целите биле исклучиво воени објекти.

Овие удари, кои се засилуваат со приближувањето на зимата, според аналитичарите, претставуваат тест за издржливоста на украинската одбрана. Претседателот Володимир Зеленски порача дека нападите се уште една причина зошто не смее да има исклучоци од западните санкции за руската енергија.

Continue Reading

Свет

Најголемиот критичар на Кремљ предупредува: Подгответе се за Вторa Студена војна

Најпознатиот руски опозициски критичар Михаил Ходорковски ја предупреди Европа дека треба да се подготви за долгорочна конфронтација со Русија, без разлика како ќе се развива војната во Украина.

„Треба да очекуваме некаква форма на нова Студена војна, која ќе трае најмалку десет години“, изјави поранешниот нафтен магнат на приватен настан во Брисел.

Според него, единствениот фактор што може да ја спречи руската агресија во тој период е уверувањето на претседателот Владимир Путин дека Западот претставува сериозна воена закана.

Поранешниот сопственик на компанијата „Јукос“ е скептичен кон ефектот на западните санкции и украинските напади со дронови, тврдејќи дека тие нема значително да ја ослабат руската воена машинерија. Ходорковски смета дека единствената реална можност за слабеење на Путин била во првите две години од инвазијата – можност што, според него, е веќе пропуштена.

Минатиот месец, руските власти отворија нова постапка против Ходорковски и неговите соработници, обвинувајќи ги за „терористичка организација“. Тој и други руски опозициски фигури во егзил се соочуваат со проблеми во европските банки и при патувања поради ваквите обвиненија.

Ходорковски верува дека еден ден ќе се врати во постпутиновска Русија, но предупредува дека на земјата ќе ѝ бидат потребни децении за да се ослободи од „империјално-воениот наратив“.

„И покрај сè, не сум обесхрабрен. Иднината ми е исто толку реална колку и сегашноста – и токму таа ме мотивира“, изјави Ходорковски.

Continue Reading

Свет

САД и Унгарија склучија договор од 114 милиони долари за нуклеарно гориво

САД и Унгарија потпишаа договор вреден 114 милиони долари за снабдување со американско нуклеарно гориво, соопшти Стејт департментот, оценувајќи ја соработката меѓу двете земји како достигнување нови височини.

Компанијата „Вестингхаус“ ќе го снабдува унгарскиот нуклеарен реактор „Пакс I“, кој произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Договорот следи по средбата на претседателот Доналд Трамп и премиерот Виктор Виктор Орбан во Вашингтон.

Стејт департментот истакна дека со договорот се отвора пат за подлабока соработка во цивилната нуклеарна индустрија, вклучувајќи ги малите модуларни реактори и складирањето на потрошено гориво. Исто така, САД и Унгарија планираат Будимпешта да стане центар на новиот пазар на малите модуларни реактори во Централна Европа, со цел промоција на американските нуклеарни иновации и развој на трансатлантска индустрија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг