Connect with us

Истражување

Скопје на листата од НАЈСКАПИ градови за ЖИВОТ во светот !

Published

on

Скопје на 192. место во светот на листата на „Мерсер“ според трошоците за живот
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови.

Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих.

Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, при што е користен го Њујорк како компаративна основа.

Што се однесува до најевтините градови, на „дното“ на листата на „Мерсер“ се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).

Истражување

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето на ИРЛ за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Published

on

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев, кое од вчера ја загрози јавноста и предизвика големи реакции.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Клиничките испитувања кои ги самата болница ги правела откриваат многу работи – велат од ИРЛ.

Бројни се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по објавување на истражувачката сторија.


Видеото може да го погледнете тука:

Continue Reading

Истражување

(Видео) Македонија се појави на „Хистори каналот“: Канда и „Космичкото јајце“ е мистерија за светските научници

Published

on

Локалитетот Канда кој се наоѓа на рид во Свети Николе, е вистинско македонско космичко јајце. Во познатиот документарен серијал „Антички Вонземјани“ се вели дека симболот-стрелка во форма на буквата „М“ е насочен кон соѕвездието Касиопеја, познатата божица. Истовремено, научниците веруваат дека симболот го претставува богот Себ кој е дете на космичката Мајка и Татко.

Се работи за геоглиф со димензии од околу 85 на 45 метри, кој датира негде од 10.500 година пред нашата ера. Го поврзуваат со древната Пајонија, но и со ведските митови за постанокот. Археоакустичните мерења докажуваат дека формата е направена од вештачки, човечки фактор, а не од самата природа.

Многу прашања остануваат неодговорени во Канда, но едно е сигурно. Јајцето како симбол за почеток на универзумот се јавува во скоро сите култури и пантеони низ светот.

Continue Reading

Истражување

ОД ШОПСКА ПАРИ ИМАМЕ САМО ЗА СИРЕЊЕ Краставиците станаа луксуз

Published

on

Шопската салата стана луксуз зимава. Краставиците имаат неверојатно висока цена, а и доматот, пиперот и младиот кромид исто така. Единствено по стара цена ќе може да го купите сирењето и маслото за јадење бидејќи овие производи имаат замрзната цена, велат граѓани и негодуваат дека секоја година јадат сè поскап и понеквалитетен зеленчук. Земјодлеците, пак, велат дека како што идат годините сè помалку ќе има зеленчук од домашно производство, а цената и квалитетот ќе ја утврдуваат цените на репроматеријалите и енергенсите кои се користат при одгледувањето.

Цената на краставиците во маркетите во земјава се движи од 239 до 279 денари за килограм, доматот има цена од 89 до 159 денари за килограм зависно од бојата, благата зелена пиперка се продава по цена од 139 до 265 денари килограм, црвената чини 32 денари парче, лутата, пак, исто така по парче има цена од 14 до 24 денари, а китка младиот кромид има цена од 23 до 26 денари.

Повисоки цени има и зелката кај која цената се движи од 39 до 75 денари зависно од тоа дали е стара или млада. Потоа компирот кој го има по цена од 34 денари до 43 денари за килограм стар или од 145 до 219 денари млад компир.

За разлика од овие цени податоците од земјоделскиот пазарен информативен систем кој се базира на цените на зелените пазари и пазарот на големо во земјава просечните цени на истите производи во јануари годинава споредено со истиот месец лани се далеку повисоки. На пример просечната цена на краставица во јануари била 117 денари и е поскапа за 28, 1 отсто ланската просечна цена која изнесувала 91,8 денари за килограм.

Просечни цени на зелени пазари јануари
Лута пиперка    190 денари парче       лани 130 денари                   пораст    46,6 отсто
Бела пиперка    129,6 денари,              лани 103,5 денари                пораст   25,3 отсто
Зелка                    27,9 денари                лани   19,8 денари                 пораст  41 отсто.
Домат                   85,7 денари                лани    63,2 денари                пораст  35,6 отсто.
Компир                 35,4 денари               лани    23,9 денари                пораст  48,1 отсто
Бабури                  60 денари                  лани    53,3 денари                пораст  12,5 отсто
Млад кромид      20 денари                 лани   11,7 денари                  пораст  95 отсто

И на пазарот на големо, кванташки пазар, цените на овој вид зеленчук поскапеле но со многу повисок процент.

На кванташки пазар, на големо
Бела пиперка 100 денари кг.             лани   46,7 денари           пораст      114        отсто
Домат                 65 денари                    лани    35 денари             пораст       85,7      отсто
Краставица       90  денари                  лани    36,7 денари           пораст      145       отсто
Компир              28  денари                  лани   10,6  денари           порст       162,4     отсто
Зелка                  20    денари                 лани   12,8  денари           пораст      56,3      отсто

Граѓаните не се изненадени од новите цени на зеленчукот, но велат дека не можат да излезат на крај со платите.

– Сè поскапе и нормално беше да поскапи и зеленчукот и овошјето, независно дали е од увоз или домашно производство. Најверојатно и кај земјоделците пораснале трошоците, па ги продаваат своите производи поскапо. Тука доаѓаат и трговците кои пресметуваат маржи, даноци и слично, а цената расте. Додека дојде до трпезата краставицата стигна до 280 денари. Но сè е поскапено и на зелените пазари – вели скопјанка.

Земјоделците имаат свои пресметки при утврдувањето на цената на својот производ. Тие велат најмногу цената ја зголемуваат поскапените репроматеријали, без да се зголеми и цената на трудот.

– Ние како земјоделци ја очекувавме оваа состојба. Со години укажуваме дека не се само субвенциите потребни за развој на ранградинарството, дека е потребна стратегија на организирање на производството, откупот, утврдување на цените, но 30 години само нè слушаат и ништо не се презема. Се плашам дека како што одат годините нема да има домашно производство, зашто за нас е неисплатливо производството, а немаме ниту обнова на земјоделците. По некоја година, ако ништо не се преземе, мислам дека на пазарот ќе останат само големите производители, помалите нема да можат да се занимаваат со земјоделство – вели Ристо Велков, од синдикатот на земјоделски производители.

Според него, годинава е посебно скапа и за земјоделците.

– Поскапеа енергенсите (нафта, струја, дрво) и сите репроматеријали за производство. Кај дел од репроматеријалите поскапувањето оди и над 300 отсто. Најниско поскапување е 50 отсто. Еве да речеме за еден декар само за пластична фолија се потребни 1.000 евра, но и сè друго е поскапено, ѓубрива, семенски материјал, заштита, и огрев. Сето тоа, влегува во производните трошоци и формирањето на производната цена – вели тој.

Во однос на квалитетот на зеленчукот Велков вели дека домашното производство има стандарден квалитет, но увезениот зеленчук, малку се контролира во однос на квалитетот и содржината.

Според него, тешко дека во наредниот период ќе може да се произведува евтин зеленчук и затоа повторно апелира, државата да донесе соодветна стратегија.

ПлусИнфо.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк