Connect with us

Uncategorized

Толку била згодна што мажите и се нафрлаат, но тоа и е НАПОРНО (ФОТО)

Инстаграм моделот Кони Хок вели дека атрактивноста има свои недостатоци. Оваа 29-годишна жена од Виена вели дека мажите и приоѓаат најмалку 20 пати за во еден ден и дека тоа е непријатно и заморно. Исто така, тие често се лутат откако ќе бидат одбиени.

„Се обидувам да бидам учтива, но во 99 проценти од случаите ми е непријатно. Особено затоа што мажите се супер упорни и не се предаваат. Понекогаш кога ќе ги одбијам, тие почнуваат да бидат агресивни. Сето тоа може да биде застрашувачко, особено кога е ноќ”, изјави Кони за Дејли Стар.

Кони вели дека не може да оди ниту на лекар на преглед без да се соочи со додворување. Еднаш, за време на прегледот, лекарот отворено ја нападнал.

„Во една прилика отидов во болница за алергиска реакција, а лекарот кој ме прегледа почна да ми се додворува. Ушите ми беа црвени и отечени, изгледав ужасно. Додека флертуваше, мислев само – Боже, дали е тоа можно. Јас не го пријавив, но сигурно нема да се вратам на таа клиника“ вели таа.

Неа ја следат скоро 400.000 луѓе на Инстаграм, а вели дека и е доста од ласкање.

„Ми приоѓаат во супермаркет, во теретана, каде било и кога брзам. Никој не сака да разговара кога е испотен од тренинг или размислува што да купи во продавницата. Понекогаш чекам некого и во тој период тројца млади момци излегоа и се обидоа да разговараат со мене „Знам дека е потребна храброст да се направи такво нешто, но тие мора да разберат дека тоа не значи не“, додаде Кони.

Таа тврди дека дури и зафатените мажи не ги почитуваат нејзините граници: “Јас еднаш видов двојка како се бакнува. Но, момчето ме погледна, па дури и ми намигна додека се бакнуваше со неа. Бев згрозена.

Оваа убава 29-годишна девојка исто така нагласува дека машкиот пол мора да разбере дека не можат да очекуваат дека е во ред да се додворувате некому само затоа што тој некој е модел.

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг