Connect with us

Забава

Ова е семејството кое ја освои најголемата ЛОТО добивка во Македонија, вредна 669.000 евpa (Видео)

Published

on

Мите Велковски е млад пензионер, вреден, скромен и ведар човек, ги обожава своите четири внучиња и вели дека сè што прави, прави за нив. Во ова ќе се препознаат многумина. Она што го го вбројува во (сè уште) поретките, е тоа што редовно, најредовно, уплаќа лото, без испуштање коло.

Со непоколеблива надеж и верба во среќата, од својата скромна пензија, за секое коло издвојувал по 200/240 денари. Но, тоа што го направи најредок е 7-ката. Најголемата премија за 7-ка во историјата на лото-игрите на среќа кај нас, падна токму со броеви коишто ги содржани една од 10-те комбинации уплатени од Мите Велковски, на продажното место ЈМБ Компани во скопско Визбегово. За само 200 денари тој освои рекордна премија вредна 41 163 771 денар (близу 670 000 евра) – oбјавија од Државната лотарија на Македонија.

Среќен, пресреќен за добивката, сакаше да им ја поддржи вербата на учесниците во играта на среќа лото и да им се заблагодари. Затоа застана пред камерите и ја сподели својата радост и радоста на своето семејство коешто се вброи во среќните лото-семејства на играчи со наградена долгогодишна верба.

Ние, од Државна лотарија, имавме задоволство да го запознаеме семејството Велковски, од скопско Визбегово, при нивната посета (со торта со лого Лото-7), првиот работен ден по извлекувањето. По редовната проверка на уплатеното ливче и официјална потврда на добивката, видно возбудени, ни ја раскажаа среќната приказна и без двоумење се согласија за јавна објава – пишуваат од Државна лотарија.

Имено, во сабота вечерта на 26.6.2021 извлекувањето на 7-те добитни бројчиња од нашата Лото-7 (коло 50), го следела сопругата заедно со внучињата. Како што ни се довери, таа го има задолжението да ги запишува извлечените броеви, кога сопругот не е дома. Кога видела дека била постигната 7-ка и кога на екранот, прочитала испис – продажното место ЈМБ Визбегово, му се јавила на Миле за да ги проверат броевите.

„7-ката е кај нас“ – одговорил Мите. Сè уште не верувајќи, го повикала синот за уште еднаш, заедно да ги проверат седумте броеви.

Вечерта, веднаш по извлекувањето, Мите се јавил во контакт центарот на Државна лотарија и го оставил својот број. Ние, уште истата вечер го контактиравме, а веќе во понеделникот се запознавме. По посета на просториите на Државна лотарија, следуваше гостување во студиото на Лото-7, во Канал 5, на местото каде што разиграните топчиња ја потврдија неговата верба во среќата и се совпаднаа со броевите во неговата 3-та комбинација. Потоа, го посетивме и среќното место „ЈМБ Компани“ во Визбегово, каде што Мите, последните две години, секое коло уплаќа по 10 комбинации. Добитната комбинација: 1, 20, 24, 25, 31, 32, 34 е составена од роденденски датуми, но и од броеви кажани од внучињата.

Мите, 32 години бил вработен како чувар во Македонски железници. Со сопругата (пензионирана негувателка во детска градинка), ќерката, синот, снаата и 4-те внучиња живеат во семејната куќа во Визбегово. Куќата, како што ни раскажаа, ја граделе со години „со свои раце“. Во саботата наутро, посакал да се живи и здрави со сопругата и да дочекаат да пораснат внучињата и направат свои семејства, а дотогаш да успеат да им купат по еден стан „од дедо и баба“.

Среќата, вербата и надежта, очигледно имаат заеднички патишта.

Честитајќи му на Мите и семејството Велковски, сите граѓани над 18 години ги поттикнуваме на верба и надеж. Ние сме тука за да обезбедиме можност за остварување соништа. Не треба посебна подготовка, ниту голема инвестиција за со редовна игра да се дојде до вонредна среќа – стои во објавата од Лотарија на Македонија.

Забава

Планетите ќе ја покажат моќта, овој датум е клучен: Три знаци ќе доживеат неверојатен пресврт и нов почеток

Published

on

Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.

Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.

Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.

Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.

Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.

Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.

Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.

БИК
Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.

ДЕВИЦА
Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.

Continue Reading

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк