Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6 проценти, во однос на истиот период минатата година, соопшти претпријатието.
Во првите шест месеци од годината, информира претпријатието, се отстранети над 7.000 кубни метри отпад одложен на јавни површини, а во истиот период екипите на претпријатието расчистија неколку обемни диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во општините Чаир, Кисела Вода и Сарај.