Connect with us

Рекла Казала

Еден Боне викаше дека треба поскапа струја, па го утепа гром,…богатите нека плаќаат поскапа струја,… госпожа пратеник нека не се качува на слива

Published

on

Статуси на денот:

Имаше еден Боне Тртка, пред дваесет години исто тврдеше дека треба да плаќаме поскапа струја. Го утепа гром на слива кај дедо му. Собирал сливи за ракија. Не стигна да ја направи. Ми текна на ова ко ја слушав госпоЖа Морачанин и имам совет за неа. Само на слива не се качувај периодов – пишува Сашо Тасевки за несреќната изјава на пратеничката од ДОМ Морачанин вчера со која предизвика реакции во јавноста.

За оние ДОМ човек ќе чуе нешто само ако треснат некоја зелена (затоа ли се сметаат за зелена партија?). Лидерката им, вика дека струјата треба да биде скапа, за луѓето да не ја трошат многу (Марија Антоанета би рекла: Нека јадат свеќи). Ина Многуфина ja куражи дека па и не мора на тоа да се застане.

Јас мислам исто да биде многу скапа и да ја имаат само богатите и после ко ќе се поскапува да излезе некој ко Мира и да се повтори легендарната изјава согласно денот на глупи изјави “поскапувањето нема да влијае на сиромашните бидејќи тие не ни имаат струја”

Ина Многуфина

Рекла Казала

Кој и го скрши срцето на ЗОНЕ ЗАМФИРЧЕ ?

Published

on

Кој е бившиот дечко на Катарина Радивојевиќ- позната Зоне Замфирова, кој и го скршил срцето а после тоа се оженил со позната водителка…

Познатата глумица Катарина Радивојевиќ била во сериозна врска со Игор Којиќ, а непосредно после тоа Игор застанал на лудиот камен со пејачката Северина. Но тоа не е прв пат кога некој маж и го крши срцето на Катарина така што влегол во врска или брак со некоја убава Хрватка.

Исто а можеби и поболно сценарио и приредил нејзиниот тогашен дечко Видое Ристовиќ, кој своевремено се пишувало бил во врска со Катарина растурајќи го предходниот брак од кој имал едно дете.

Видое имено се забавувал со Катарина, а потоа следел љубовен крах. За кусо време, Видое стапил во врска со Николина Пишек, а набрзо и ја оженил.

Видое и Николија се венчале во Монте Карло, а интимната свадба чинела околу половина милион евра, а круна на љубовта нешто подоцна било раѓањето на ќеркичката.

Continue Reading

Рекла Казала

Џесика Симпсон објави фотографија на која е непрепознатлива: „Четири години сум трезна!

Published

on

Актерката и пејачка Џесика Симпсон (41) на социјалните мрежи објави фотографија направена пред четири години додека се борела со зависност од алкохол и апчиња.

– Оваа личност од раните утрински часови на 1 ноември 2017 година е моја непрепознатлива верзија. Во овој момент знам дека требаше да си дозволам да ја вратам светлината, да покажам победа над мојата внатрешна битка за самопочит и да го охрабрам овој свет со продорна јасност – го започнала Џесика описот под фотографијата на која изгледа како друга личност.

 За да го постигнам ова, морав да престанам да пијам алкохол бидејќи тоа ги тераше умот и срцето да ми циркулираат во иста насока. Искрено, бев исцрпена. Не ми се верува дека поминаа 4 години! Мислам дека тоа е добра работа. Ха. Толку е стигмата околу зборот алкохолизам или етикетата на алкохоличар – се пожали пејачката.

– Вистинската работа што требаше да ја работам во мојот живот беше всушност да прифатам неуспех и болка. Алкохолизмот навистина не беше проблем. Јас бев проблемот, не се сакав себеси. Денеска се помирив со моите стравови и ги прифатив деловите од мојот живот кои се тажни. Слободна сум – заклучила таа.

Continue Reading

Рекла Казала

Пијат сопствена урина, не се гледаат во огледало, се мачкаат со измет – Чудни навики на познатите

Published

on

Многу познати личности имаат чудни навики и опсесии од кои не можат да се ослободат со години. Додека некои се обидуваат да ги сокријат, други отворено зборуваат за тоа.

Меган Фокс има голем страв да користи прибор за јадење во рестораните. За неа е незамисливо да ги користи истите додатоци кои ги користеле којзнае колку луѓе. Од друга страна, нејзините пријатели се жалат дека актерката не пушта вода во тоалетот.

Еминем од мал сакал да спие во целосна темнина. Кога престојува во хотел, неговата соба мора да биде целосно затемнета бидејќи само така може да заспие.

Џенифер Анистон е позната како голема „пуристка“, но е и многу суеверна. Секогаш влегува во авион со десната нога.

Со Дејвид Бекам сè мора да биде во линија или во пар. Ако стави лименки за пиво во фрижидер, нивниот број мора да биде парен.

Кети Пери е опседната со дентална хигиена, па секогаш носи 20 четки за заби и ги мие забите 6 пати на ден. Исто така, не поднесува матни очила за сонце.

Камерон Дијаз страда од опсесивно-компулсивно нарушување. Таа толку ги исчистила рачките во нејзината куќа што на крајот целосно ја отстранила бојата од нив. Во спротивно, ја отвора вратата со лактите.

Бред Пит не користи сапун „бидејќи содржи многу токсини“.

Памела Андерсон никогаш не се гледа во огледало затоа што се плаши од својот одраз.

Кетрин Зета-Џонс ги четка забите со јагоди.

Том Круз користи „природен ботокс“ од измет од славеј. Тврди дека намазот што го става на лицето преку ноќ му го подмладува лицето и му дава природен изглед.

Пејачката Кејша изјавила дека со години ја пиела урината бидејќи мислела дека тоа и дава сила.

Кристина Агилера не ги мие рацете по мокрење.

Џони Деп има чудна навика да не се пресоблекува. Понекогаш е во иста облека со недели

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк