Connect with us

Инфо +

Од 1-ви септември основците ќе учат дека е нормално да фантазираат за лица од ист пол и дека хомосексуалноста не е болест?

Published

on

Прирачник стар 8 години, направен од невладината „ХЕРА“ од каде доаѓа министерката за образование Мила Царовска, е водичот за наставниците од кој тие ќе треба да предаваат сексуално образование од септември, дознава Алфа. Темите се мастурбација, хомосексуалност, бисексуалност и многу други за кои нема поширока дискусија во јавноста меѓу експертите и родителите. Напишан е на 200 страници а издаден е во 2014 година.

-Дали хомосексуалноста е болест?

Хомосексуалноста не е болест. Несигурноста или непријатноста за сопствените сексуални чувства може да предизвика анксиозност и стрес, па дури да дојде и до физички проблеми, како, на пример, несоница, гадење и главоболка. Од 1990 година хомосексуалноста не е на листата на ментални нарушувања, стои на страна 179 од прирачникот.

И не само тоа, внатре се одговара на прашања, за што е нормално да размислуваат основците. -Дали е нормално понекогаш во мислите, соништата или фантазиите на хетеросексуалец/ хетеросексуалка да се појавува лице од ист пол и обратно – кај хомосексуалец/хомосексуалка да се појавува лице од спротивен пол?

Да, нормално е да се мечтае за лице од ист или од различен пол и тоа не значи дека некој е дефинитивно хомосексуалец/ хомосексуалка или хетеросексуалец/хетеросексуалка. Кога се има и сексуална и емоционална привлечност кон ист пол, тогаш станува збор за хомосексуалност, а имање само фантазии или сексуален однос со ист пол не значи дека лицето мора да е дефинитивно хомосексуалец/хомосексуалка, се вели на страна 182.

ТВ Алфа побарала одговор зошто ќе се учи од овој прирачник од „ХЕРА“ но без да образложат, топката ја префрлија во Бирото за развој на образованието. Од таму одговор нема.

Македонија

Цар Самоил владеел со бугарското царство, но со центар во денешна Македонија!

Published

on

Објавени се препораки кои Комисијата ги усвои во текот на својата работа во последните 4 години. Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници. Има вкупно 5 препораки од македонска страна за бугарските учебници за 5-ти клас основно образование и исто толку препораки од бугарска страна за македонските учебници за 6-то одделение. Тоа се учебници кои го третираат античкиот период, а исто така објавени се и препораките за заедничко чествување на историски личности, пренесува Инфомакс.

Вака првиот човек на Комисијата за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, ја започна денешната прес-конференција која следуваше веднаш по брифингот со новинарите.

– Објавени се препораки за заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил. Тоа се текстови за заедничко чествување кои се идентични и со кои ние препорачуваме до двете влади на одредени годишници да се чествуваат заедно овие личности. Во однос на учебниците, усвоени се по 5 препораки. Нашата страна сметаше дека треба да има подорување во бугарските учебници за одредени теми, а истото го направи и бугарската страна. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои – рече Ѓоргиев.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Continue Reading

Свет

Скандалозна изјава на Елон Маск: Луѓето треба да бидат чипирани

Published

on

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата. Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink.

Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог.

Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони, напиша милијардерот.

Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на ‘рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.

Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Следното клиничко испитување на чиповите се очекува да биде кај луѓе.

Continue Reading

Македонија

Бугарска фондација постави бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк (ФОТО)

Published

on

Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15-ти до 21-ви август најавуваат нови активности.

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11-ти август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов на својот фејсбук профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк