Connect with us

Религија

Денеска се празнува – Чудото на Светата великомаченичка Ефимија

Published

on

 Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски.

Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор највидна улога играа цариградскиот патријарх Анатолиј и јерусалимскиот патријарх Јувеналиј. Бидејќи со препирања и докажувања од две спротивни страни не може да се дојде до никакво одредено решение, патријархот Анатолиј предложи и православните и еретиците да го напишат своето исповедање, па да ги положат во ковчегот со моштите на Света Ефимија.

Со ова се согласија сите. Двете вероисповедања, значи, беа напишани и ставени на градите на великомаченичката, ковчегот беше затворен и запечатен со царски печат и уште беше поставена војничка стража. Тогаш сите поминаа три дена во пост и во молитва. Четвртиот ден, кога го отворија гробот, го видоа православното исповедање во десната рака на светителката, а еретичкото под нејзините нозе.

Така спорот се реши со Божја сила во корист на Православието. Во времето на царот Ираклиј моштите на света Ефимија беа пренесени од Халкидон во Цариград, во црквата што ѝ е посветена, близу хиподромот. Иконоборниот цар Лав Исавријанин нареди и ги фрлија моштите во морето; но на чудесен начин ковчегот беше пренесен на островот Лимнос и положен во црквата на Светата маченичка Гликерија.

Дури во времето на царицата Ирина ковчегот со моштите беше повторно вратен во Цариград на своето старо место. Од овие мошти одвреме-навреме течеше крв, којашто им помагаше на болните и на неволните.

Религија

Чест на една од најмладите маченици 9-годишната Света Василиса

Published

on

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија не многу по смртта на свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа.

Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена.

Нејзиниот мачител Александар, откако го виде сето тоа, се покаја и ја прими верата Христова.

Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и Му го предаде духот свој на Господа околу 309 година.

Continue Reading

Религија

Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос- Светиот маченик МАМАНТ

Published

on

 Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители.

Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто Ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом.

Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште, Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните.

Незнабошците не ги штедеа ниту христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди, та го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но, Ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу до Кесарија. Овде тој живееше во самотија и во молитва. Од неговата светост се припитомуваа дивите ѕверови. Најпосле, и тука беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободоа со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.

Continue Reading

Религија

Чест на 40-те маченички деви испоснички и маченикот Амун ѓакон, нивниот учител

Published

on

Светите 40 деви кои беа просветлени во Христовата вера од ѓаконот Амун, пострадаа, заедно со својот учител, за Христа, во времето на римскиот император Ликиниј, во македонскиот град Адријанопол (Одрин).

Управникот Вавдо ги подложи на многу маки за да ги принуди да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите. После жестоко измачување тие сите беа пратени во Ираклија, кај друг мачител, пред кого што исто така цврсто ја исповедаа својата вера во Христа, и одбија да им принесат жртва на идолите.

По заповед на управникот светиот Амун и уште осум девици беа обезглавени, десет други беа запалени живи, шест умреа откако во уста им беше сипано растопено железо, шест беа заклани со нож, а останатите убиени со меч.

Нивните имиња се: Адаманти, Калирои, Хариклеја, Пенелопа, Клио, Талија, Маријанти, Евтерпи, Терпсихори, Уранија, Клеоника, Сапфо, Ерато, Полимнија, Додона, Атина, Троада, Клеопатра, Коралија, Калиста, Теоноја, Теано, Аспасија, Полиники, Диона, Теофанија, Еразмија, Ерминија, Афродита, Маргарита, Антигона, Пандора, Хајдо, Ламбро, Мосхо, Аривија, Теонимфи, Акриви, Мелпомени и Елпиника.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк