Connect with us

Спорт

Косово со ДВА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ од Олимпијадата во Токио

Published

on

Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио.

Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красничи.

Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија. 

Спорт

Човечина! Редарот се онесвести, а Роналдо истрча да му помогне (ФОТО)

Published

on

Пред да започне натпреварот од Лигата на шампионите што Манчестер Јунајтед го игра на гости во Швајцарија против Јанг Бојс, се случи инцидент кога еден од редарите се онесвести откако топка го погоди во главата.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, вечерва во Швајцарија покажа дека освен тоа што е голем фудбалер, тој е и голем човек.

Имено, пред да започне натпреварот од Лигата на шампионите што Манчестер Јунајтед го игра на гости во Швајцарија против Јанг Бојс, се случи инцидент кога еден од редарите се онесвести откако топка го погоди во главата.

Continue Reading

Спорт

(ВИДЕО) ПOTOP нa „УС Опен“: Мeчoт бeшe пpeкинaт, пyбликaтa eвaкyиpaна!

Published

on

Натпреварот од второто коло на УС Опен помеѓу Диего Шварцман и Кевин Андерсон беше прекинат бидејќи се поплави стадионот „Луис Армстронг“.

Силно невреме го погоди Њујорк, па иако беше затворен терен, натпреварот мораше да се прекине, а публиката беше евакуирана од стадионот. Водата навлезе во внатрешноста на стадионот, па публиката ги почувствува последиците.

ВИДЕО:

Continue Reading

Македонија

Македонската претставничка Наковска-Бикова освои шесто место на Параолимпијадата 👏🏅

Published

on

Единствениот македонски претставник на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска-Бикова: Секој ден да е ден на рамноправност на жената - Нова  Македонија

Наковска – Бикова, која влезе во финалето како осмопласирана, настапот го заврши со резултат од 147.9 кругови.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапи, в четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, в сабота.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк