Дејан Георгиевски ќе добие парична награда во висина од 1.200.000 денари

Владата донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари.

Ваквата одлука е донесена на редовната 92-ра владина седница. На седницата одлучено е на тренер Борче Костовски да му бидат доделени 600.000 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.