Connect with us

Инфо +

Поради екстpeмните темпеpaтури – вонpeдни мерки: Овие лицa се ocлободуваат од работа од утре

Published

on

Министерството за здравство објави препораки за заштита согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) во портокалова фаза.

Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони од Републиката, Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката, и соодветно препораките на Владата од среда до недела (29.07-01.08.2021 година) важат следните препораки:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации Владата на Република Северна Македонија одлучи:

1. Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките.

2. Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.

4. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.

5. Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Од Министерството потсетуваат дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:

1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

5. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри.

6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се:

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Исто така, од МЗ информираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Свет

Американски сенатор: Нетанјаху го уби главниот нуклеарен преговарач на Иран

Published

on

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го дека започнал војна со Иран со еднострани напади, го саботирал дипломатскиот процес и го убил главниот ирански нуклеарен преговарач Али Шамкани.

„Нетанјаху ја започна оваа војна со напад врз Иран. На тој начин ги саботираше преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарните прашања,“ изјави Сандерс, повикувајќи ја американската администрација да остане надвор од конфликтот, ниту воено ниту финансиски.

„Соединетите Американски Држави не смеат да бидат вклучени во незаконската војна на Нетанјаху против Иран,“ предупреди сенаторот и најави дека ќе предложи закон со кој ќе се забрани користење на федерални средства за воени акции во или против Иран без јасна согласност од Конгресот, освен во случај на самоодбрана.

Сандерс истакна дека израелските напади го нарушуваат американскиот дипломатски напор и порача: „Не смееме да дозволиме Нетанјаху да не втурне во уште една војна.“

Тој е познат како еден од најголемите критичари на Нетанјаху и израелската политика, а порано повикуваше САД да ја прекинат воената помош за Израел и да го преиспитаат својот пристап кон Блискиот исток.

Continue Reading

Свет

Авион на „Луфтханза“ принудно се врати во Франкфурт поради закана од бомба

Published

on

Авион на „Луфтханза“, кој леташе од Франкфурт до Хајдерабад во Индија, вчера мораше принудно да се врати поради закана за поставена бомба, соопшти германската федерална полиција. Заканата била пријавена од одделот за корпоративна безбедност на авиокомпанијата, по што авионот LH752 се вратил и безбедно слетал на аеродромот во Франкфурт на Мајна околу 18:30 часот по локално време.

Портпаролот на полицијата објасни дека поради заканата за бомба, не било одобрено слетување во Индија, па авионот морал да ја промени рутата и да се врати додека летал над бугарскиот воздушен простор. Патниците биле приморани да ја поминат ноќта во транзитната зона на аеродромот.

„Луфтханза“ го потврди враќањето на летот, но не даде дополнителни информации за инцидентот.

Continue Reading

Свет

ВИДЕО: Израелски воздушен напад ја погоди иранската државна Телевизија додека емитуваше во живо

Published

on

Иранската државна телевизија IRIB беше директно погодена од израелски воздушен напад додека емитуваше програма во живо, јавуваат локални и меѓународни медиуми. Нападот предизвика прекин на сигналот, а засега нема информации за жртви. Станува збор за еден од најдиректните удари врз медиумски објект од почетокот на ескалацијата меѓу Израел и Иран. Израел сè уште официјално не се огласил по повод нападот.

ВИДЕО

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг