Connect with us

Инфо +

Отец Оливер: Ситуацијата во Пехчево е трагедија, апелирам да помогнеме со вода и храна

Published

on

Отец Оливер Петровски преку социјалните мрежи информира каква е состојбата во Пехчево по неговата посета.

-Кога би морал да ја опишам ситуацијата во Пехчево со само еден збор, тој збор би бил ТРАГЕДИЈА… Но во маката се познаваат јунаците, а изминативе денови тоа се нашите пожарникари, доброволците, но и месното население во опожарените места во Пехчево, Куманово, Кочани… кои даваат сѐ од себе да се изборат со огнената стихија во овие пеколни денови. На овие херои им е неопходна нашата помош од доброволци од цела Македонија, но потребна им е и вода, ладен чај, сокови, како и нерасиплива конзервирана храна. Да им помогнеме на нашите браќа да се изборат со пожарите на сите начини. Денес нашите волонтери повторно ќе ги посетат најкритичните жаришта за да ја достават вашата помош. Ве замолуваме и апелираме да се вклучиме и да помогнеме. Вратите на нашиот храм Свети Спас во Драчево се отворени од 07.00 часот и ќе ги очекуваме вашите донации. Бог да ве благослови, пишува отецот.

Македонија

,,Законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето”

Published

on

УСТАВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
УПРАВЕН суд се прогласува ненедлежен за одлуки на Собранието.
ОСНОВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
_____________________
ЛЕВИЦА прогласува дека законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето.

Фејсбук статус на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

И Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе 2 100 амандмани за стопирање на 4-те закони со кои се предвидува зголемување на платите на судиите, на јавните обвинители, на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Continue Reading

Македонија

Првиот знак при влез во Скопје – слика за цела држава! (Фото)

Published

on

Твит на денот:

Continue Reading

Истражување

Македонците најнесреќна популација во регионот!

Published

on

Шеста година по ред Финска е прогласена за земја со најсреќна популација, според Светскиот извештај за среќа кој е објавен денеска.

Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.about:blank

Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Македонија е на 87 место, а од соседните земји Косово е на 34, Србија е на 45, Грција на 58, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место.

Црна Гора е 67-ма во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.

На дното на рангирањето се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, со глобални просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк