Connect with us

COVID 19

Ако сакате да одите по „кафиќи“ вакцинирајте сe, свадби само со вакцинирани сватови – угостителите збунети

Published

on

Сите  ќе мора да покажат сертификат дека примиле барем една доза на вакцина.

Во летна бавча во кафеана ниту кафе нема да може да пие лице кое е невакцинирано.

“Од 16-ти август нема да има свадби, прослави, веселби на затворено. На отворено ќе биде дозволено. Како што се бара потврда, сертификат за вакцинација за сите угостителски објекти и за тие угостителски објекти кои што организираат свадби и прослави и таму гостите треба да покажат потврда за вакцинација за да може и надвор да одржуваат свадби и прослави. Секој граѓанин кој сака да посетува угостителски објекти треба да биде вакциниран” – појасни Бектеши.

Редарска служба на влез ќе мора да имаат само угостителските објекти со капацитет од над 30 гости.

На една маса ќе може да седат 4-ца гости и треба да се почитува мерката за дистанца. Од наредната недела ќе се заострат и контролите на инспекторите.За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителите.

Но, мерките кои ги донесе владата се нејасни дури и за нив.

Пазарните инспектори чекаат прво да се објават во Службен весник, па потоа да побараат дообјаснувања како да постапуваат.

“За да се седне во кафич тоа ќе треба да го допрецизираме. Онака како што во моментов го гледам значи дека е при организација на настани каде што има повеќе од 30 гости, присутни лица. Меѓутоа доколку тоа подрзабира дека и во кафетерии каде што има присутни повеќе од 30 лица, нормално дека и во тој случај ќе се бара сертификати. Значи овој дел ќе треба да го допрецизираме” – вели Анета Симеска Димова , директорка на ДПИ.

Казните за непочитување на протоколите завист од големината на фирмата – се движат од 2.500 до 30.000 евра.

Угостителите се затечени и реагираат за обврската да постават редари на влезот на објектите.

Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, велат од Независната угостителска комора. Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август.  Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.

-Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакцинирано или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.

Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените  во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари вели министреот за економија Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани.

COVID 19

НАД 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – Црните бројки рушат секакви рекорди!

Published

on

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.

Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 111527, Активни 9167
Куманово 13947, Активни 662
Прилеп 12093, Активни 960
Тетово 11770, Активни 283
Битола 11312, Активни 1516
Гостивар 8372, Активни 237
Кавадарци 8050, Активни 426
Велес 7926, Активни 327
Охрид 7490, Активни 548
Штип 7139, Активни 259
Струмица 6727, Активни 345
Кичево 4634, Активни 245
Кочани 4342, Активни 178
Струга 4156, Активни 190
Гевгелија 3317, Активни 266
Неготино 2858, Активни 171
Свети Николе 2269, Активни 92
Ресен 2118, Активни 189
Крива Паланка 2097, Активни 112
Радовиш 2040, Активни 195
Делчево 1604, Активни 104
Берово 1562, Активни 74
Дебар 1479, Активни 16
Виница 1229, Активни 38
Пробиштип 1213, Активни 53
Валандово 1212, Активни 136
Кратово 831, Активни 41
Крушево 772, Активни 145
Богданци 763, Активни 59
Демир Хисар 715, Активни 60
Македонски Брод 599, Активни 43
Македонска Каменица 462, Активни 30
Демир Капија 456, Активни 18
Пехчево 387, Активни 22
Дојран 195, Активни 11

Continue Reading

COVID 19

Детектиран прв случај на Флурон во Македонија

Published

on

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.  

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

Continue Reading

COVID 19

Потврден првиот случај со OMИKPOH во Струга

Published

on

Струга, 30 декември 2021 (МИА) – Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.

-Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.

Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк