Connect with us

COVID 19

Докторите согласни: Сертификатите за вакцина немаат врска со епидемиологија !

Published

on

Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3), пишува доктор Драган Данаиловски. Додека доктор Никола Пановски во врска со мерките на Владата, на Филипче и на Комисијата за влез во ресторани или на настани каде има повеќе од 30 лица, ја истакнува нивата апсурдност велејќи дека ако денеска примите втора доза од било која вакцина, ќе добиете сертификат и ќе можете слободно да влезете било каде, но ако сте вакцинирани со Фајзер, имунитет ќе добиете по еден месец и половина, а ако сте вакцинирани со кинеска вакцина, имунитетот ќе го добиете дури по три месеци. Во меѓувреме, вие сте неззаштитетн исто као и невакцинирните.

Во продолжение можете да го прочитате целиот став на д-р. Данаиловски во врска со потврдата за извршена имунизација:

Осамнаа мерките за сузбивање на бранот на КОВИД-19, донесени на 97-мата седница на Владата. Предмет на постов е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација.

„Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).“ (1)

Мислам дека е неопходно да укажам на некои работи.

Ако биде потребна потврда за извршена имунизација, најмалку со една доза, тоа ќе се коси со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (2), иако таа, наводно, „не спречува имплементација на вакцинални пасоши“ (3).

Меѓутоа, на сите нас, после година и пол постојан стрес, ни е дозлогрдено од притисоци, поделби, дискриминации. Со вакви мерки само непотребно тие би се потенцирале. Зошто? Зашто потврдите дефинитивно значат дискриминација! И може да попримат мирис на „жолти ленти“…

За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 – Public Health England), односно 36% (студија 6 – Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести што дале таков предлог!?

Од друга страна, дури и кога би се барала потврда за две примени дози и тоа не е гаранција дека тие не се заразени! Во студијата 1 (Public Health England)(4), заштита од заразување на две дози Фајзер е 80%, а во студија 5 (Израел) е 64%. (4) Да потсетам, цело време зборуваме за делта сојот!

Ова се бројки за Фајзер! За сите други вакцини – логично е – бројките се сигурно многу помали. Ако земеме предвид дека кај нас преку 70% од вакцинираните се со кинески вакцини, можеме да замислиме колкава им е заштитата на вакцинираните само со една доза…

Има и нешто друго. Ако потврдите се замислени со нив да се направи притисок за вакцинирање, тоа веќе нема смисла. Зошто? Затоа што сега и да се вакцинираат поголем број, полната заштита со Синовак ќе ја добијат после 9 недели (3 недели меѓу двете дози, плус 6 недели после втората доза – додека почнат антитела да се формираат). Значи, тоа сега не е приоритет.

Сега треба да биде приоритет израмнување на епидемиската крива преку рестриктивни мерки – засега – на места каде што е најголем интензитетот на ширење на вирусот – свадбите, веселбите, угостителските објекти, обложувалниците, јавниот сообраќај итн. Затоа што сега императив е намалување на забрзувањето на бројките. Ако периодот на удвојување во овие градови е три дена (бидејќи имаме експоненцијален раст со Rt = 4,2 – не сакам ни да сметам колку случаи – само во овие градови – би имале до крај на месецов…

Среќа во несреќа е што немаме хомогена дистрибуција на ризиците низ целата територија на државата! Практично, буквално насекаде – освен Скопје, Тетово и Гостивар – имаме очекувана, умерена динамика на ширење карактеристична за алфа. Сѐ уште имаме „локално ширење“, а не „ширење низ заедницата“ (community spread).

Вакцинацијата нема промптен ефект… Нека тече таа како што тече. Низ личен опит, сите скептици полека сами ќе увидат дали треба или не треба да се вакцинираат
– без принуда, без барање било какви потврди! Во пресрет на есента, треба да се фаворизира вакцинацијата на постарите граѓани и хроничните болни. Процентот на вакцинирани само со една доза во возрасните групи преку 50 години од околу 60% е недоволен. А колку меѓу нив се со две дози?
Кога станува збор за делта сојот, на сите во светот им стана јасно дека не може да се смета само на вакцинацијата, која мора да се интензивира. Но, неопходни се и повремени рестрикции во ситуации каква што е нашата актуелна.
Што да се прави?

Д-р Никола Пановски пак , во врска со мерките на Владата, на Филипче и на Комисијата за влез во ресторани или на настани каде има повеќе од 30 лица, ја истакнува нивата апсурдност велејќи дека ако денеска примите втора доза од било која вакцина, ќе добиете сертификат и ќе можете слободно да влезете било каде, но ако сте вакцинирани со Фајзер, имунитет ќе добиете по еден месец и половина, а ако сте вакцинирани со кинеска вакцина, имунитетот ќе го добиете дури по три месеци. Во меѓувреме, вие сте неззаштитетн исто као и невакцинирните.

-Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате со прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е Фајзер. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат, вели Никола Пановски за Канал 5 коментирајќи ги мерките на Владата во врска со пандемијата.

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк