„Нема украдено ништо! Заедно сме на терен и пријатели сме со Словенците и Австријците“ ?‍?

После сите коментари и објави должен сум да го кажам следново: Нема украдено ништо!!! Ниту кај Австријците, ниту кај Словенците. Заедно сме на терен и дури станавме пријатели со многу од нив. Изгледа не сме расипан народ како што сакате да не претставите. На ова прашање правев лично муабет и сите овие лажни вести беа демантирани од нивна страна!!! Доказ дека не зборувам на празно е на следниве слики.Поздрав до сите и никогаш да не се повтори!!! – пишува граѓанин од Берово на Фејсбук.