Connect with us

Спорт

Кошаркарите блеснаа кога беше најпотребно и ја размонтираа Словачка

Published

on

Кошаркарската репрезентација на Македонија со цврста игра во одбраната убедливо ја совлада Словачка со 69-47 во вечерашниот меч во Скопје, и стигна до првата победа на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година.



Црвено-жолтите водеа во текот на целиот меч, а на противникот му дозволија да постигне само пет поени во последната четвртина.



Бојан Трајковски беше најефикасен на мечот со 16 поени, додека Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли забележаа по 12 поени, а Бојан Крстевски и Кристијан Николов уфрлија по 10 коша.




Македонија, Швајцарија и Словачка имаат по една победа и еден пораз во досегашниот тек од турнирот на кој преостанатите средби ќе се играат од понеделник до среда.

Првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во квалификациите за СП 2023. Избраниците на селекторот Драган Бајиќ задутре ќе се сретнат со Швајцарија.

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк