Connect with us

Македонија

29 години се грижат за нашата безбедност – АРМИЈАТА го слави својот роденден 💪

Published

on

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.


Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.


Согласно сценариото, во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Претседателот Пендаровски ќе врачи Орден за воени заслуги и Повелби на Македонија, додека министерката Шекеринска и началникот Ѓурчиновски ќе доделат признанија на претставници од институции со кои соработува Армијата.



На свеченоста, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Македонија, на министерката Шекеринска ќе и додели медал за истакната служба, а на генералот Ѓурчиновски медал за заслуги.

На централната свеченост ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, пратеници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор, градоначалникот на Скопје, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, армиските генерали, претставници од организации, државни институции, локални самоуправи и здруженија со кои соработува Армијата.



По повод одбележувањето на Денот на Армијата, со воени почести и полагање венци цвеќе на Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел во Скопје во 14 часот, повеќе делегации ќе им оддадат почит на поранешните претседателите и врховни команданти на Армијата, Борис Трајковски, Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски, како и на спомен обележјето на загинатите бранители во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот во 9 часот.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија

Македонија

Преживувањето во мај било за 6 евра полесно од април

Published

on

Речиси 50 илјади денари му биле потребни на едно домаќинство да го истурка месецот. Синдикатот пресмета дека во мај вкупната кошничка за 4 члено семејство изнесува нешто над 44 илјади денари, но со вклучената инфлација сумата надминува 49 илјади денари. Половина од парите се трошеле само за храна и пијалоци. 

Од Синдикатот велат дека ни со 2 минимални плати не може да се помине месецот.

Поради намалената инфлација во мај, за задоволување на животните потреби на семејствата им биле потребни 380 денари помалку во однос на април. Сепак, трошоците за живот и натаму остануваат високи. Споредено со регионот, највисока инфлација од 15% во април имала Србија. За мај, бројките не се објавени, но се очекува да бидат околу 13 отсто. Веднаш зад нив е Македонија со 11%, додека Хрватска и Албанија имаат едноцифрена. 

Справување со инфлацијата и растот на цените на храната ќе биде предизвик за сите земји, наведува и Светска Банка во најновиот Извештај. Според нив, таа ќе остане висока и до крајот на 2024-та година и покрај растот на каматите на централните банки. Креаторите на политиките треба да бидат исклучително агилни да се справат со ризиците кои произлегуваат со таквите зголемувања на каматите, бидејќи растот се намалува, а инвестициите паѓаат. 

Особено ранливи се малите земји со ниски примања, каде владите имаат мал фискален простор да се справат со евентуално нови економски шокови. Инаку Свестка Банка очекува годинава економскиот раст во светот да забави и до достигне 2,1 отсто, наспроти ланските 3,1. 

За нашата земја, прогнозите се дека економија ќе порасне 2,4 отсто, а следната ќе забрза на 2,7%.

SitelTV

Continue Reading

Македонија

Ќе го платиме долгот, ако ни ги отпишат каматите: Екипите на ЕВН не можат да влезат во Слупчане

Published

on

Екипите на ЕВН сè уште не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.

ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.

-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.

Според пресметките на ЕВН, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.

Continue Reading

Македонија

Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета – Најчевска за Меџити

Published

on

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска реагираше бурно по одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити за регулирање на цените на здравствените услуги во Македонија.

Меџити кажа дека целта е граѓаните на Косово и Албанија да плаќаат колку македонските државјани во здравствените установи во Македонија, а Најчевска поради тоа побара кривична одговорност.

-Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да биде читање на Уставот, законот за државјанство, Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за Влада, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик.

Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави туку за граѓаните на Македонија. Неписмени крадци не смеат да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер, вели Најчевска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк