Connect with us

Спорт

Браво! Македонија имa jyниopcки eвpoпcки шaмпиoн вo кapaтe 🏅

Published

on

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ забележа огромен успех и се закити со златниот медал на Европското првенство (ЕП) за кадети и јуниори кои се одржува во Тампере, Финска.

Стојановиќ стана европски шампион во категоријата над 76 килограми, а во финалето успеа да слави над ривал од Италија. Македонецот беше подобар од Матео Аванцини, кого го доби со 5-4 на поени.

Младиот спортист претходно забележа уште пет победи на патот до финалето.

Македонија

Емил Павлов го освои сребрениот медал на СП во Дубаи (ВИДЕО)

Published

on

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов денеска го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство (СП) во Дубаи.

Павлов во финалето имаше израмнета борба на почетокот, но олимпискиот првак Стивен да Коста успеа да го совлада во завршницата од битката.

Ова е најголем успех за македонскиот каратист, кој претходно двапати беше најдобар во Европа, и тоа во 2014 и 2018 година.

На патот до финалето ги елиминираше Матеј Хомола, Садридин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елксави и Маршал Тадиси.

Continue Reading

Спорт

Македонија е СВЕТСКИ ШАМПИОН во „Кантер страјк” 👏

Published

on

Македонската репрезентација во компјутерската игра „Counter Strike: Global Offensive“ стана светски шампион по победата над Романија на Светското првенство во Израел.

Светското првенство на оваа интернет игра се одржуваше во Израел откако во финалето го совладавме тимот на Романија. Претходно, во полуфиналето, нашиот тим ја победи репрезентацијата на Украина.

Во глобалниот свет, оваа победа претставува голем успех за македонскиот е-спорт. Македонскиот тим составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го совлада тимот на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

На Светското првенство кое се одржа во израелскиот град Еилат, учествуваа 11 тима. Македонија како шампион ја освои наградата од 10.000 долари.

Continue Reading

Балкан

„Пукни зоро“ на цел глас ечеше од соблекувалната на Србите (ВИДЕО)

Published

on

И фудбалерите на Србија знаеја да го прослават подвигот во Лисабон и победата над Португалија (2:1) за директен пласман на Светското првенство во Катар следната година. Во соблекувалната грмеше песна, а репрезентативците на цел глас ја испеаjа „Пукни зоро“.

Фудбалери Србије прослављају гол Тадића против Португалије - Sputnik Србија, 1920, 14.11.2021
© AFP 2021 / PATRICIA DE MELO MOREIRA

Фудбалерите на Србија ги соблекоа дресовите, а во славјето предничеше младиот Душан Влаховиќ, кој дел од атмосферата сподели со армијата навивачи придружувајќи им се во живо на социјалните мрежи.

Погледнете како се забавуваа српските репрезентативци:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк