Connect with us

Истражување

Важна вест : Од утре граѓаните ќе можат да ги подигаат новите лични карти

Published

on

Нови лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците ќе добијат над 40 илјади граѓани кои чекаат два месеца бидејќи во Собрание беше заглавен Законот за лични карти кој што опозицијата го блокираше со над 1.500 амандмани.

Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не се нашло адекватно решение.

„Станува збор за подзаконски акт кој што министерот има право да го донесе соогласно постојниот Закон за лични карти, затоа и се бараше правна и законска солуција за да се изнајде најадекватното решение. Ние немаме тука друга промена освен издавање на лични карти со новото уставно име и согласно Законот за употреба на јазиците. Други промени во решението нема“, велат од МВР.

Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Истражување

Светски реномирано списание со студија: ТРЕТАТА доза вакцини сега е НЕПОТРЕБНА и може да биде ОПАСНА

Published

on

Тим научници од Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Швајцарија и други земји објавија статија во научното списание „Лансет“ во која се наведува дека во моментов нема потреба од обемна имунизација со третата доза вакцини против коронавирус.

Меѓу авторите на написот се Марион Грубер, поранешна директорка на Канцеларијата за истражување и преглед на вакцини во Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и нејзиниот поранешен заменик, Фил Крауз. И двајцата поднесоа оставки откако регулаторот ја поддржа администрацијата на третата доза вакцини.

Истражувачите велат дека вакцините против коронавирус се ефикасни против тешки форми на болеста, но дека прераната употреба на третата доза носи одредени ризици, вклучувајќи и можни несакани ефекти како што е миокардитис, што најчесто се јавува по втората доза на mRNA вакцина.

Медицинските експерти постојано истакнуваат дека масовната ревакцинација започнала премногу рано, но потврдиле дека трета доза може да биде потребна подоцна – на пример, ако се појави нов вид вирус што успева да ја „пробие“ заштитата кој ја обезбедува вакцина ..

Во написот се истакнува дека дури и со високата стапка на вакцинација меѓу населението, главните носители на инфекцијата се сепак луѓе кои воопшто не биле вакцинирани.

Написот е објавен една недела пред почетокот на третата доза вакцинација во САД, што претходно ја најави администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во почетокот на август, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, повика на мораториум за воведување на трета доза на вакцината против коронавирус навреме, за да бидат испратени повеќе вакцини во земјите чии жители се уште не примиле ниту една доза .

Израел, Франција, Германија и бројни земји на Блискиот Исток веќе најавија дека ќе започнат со вакцинација со третата доза.

Continue Reading

COVID 19

Американска студија: Невакцинираните имаат 11 пати поголеми шанси за да починат, отколку вакцинираните луѓе

Published

on

Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.

„Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да починат, отколку оние кои биле целосно вакцинирани“ пренесува Гласот на Америка.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години.

Луѓето се уште се со поделени мислења околу вакцинацијата, за едни таа претставува враќање на живтот во нормала, други пак тврдокорно ја одбиваат неверувајќи во ефикасноста на постоечките вакцини. Како во светот, така и кај нас властите преку кампањи и рестрикции се обидуваат луѓето да се вакцинираат во што поголем број, но многумина сметаат дека вршењето притисок преку рестрикциите не е демократски чекор.

И покрај тоа што речиси никаде пандемијата не е стивната, ширум светот секојдневно се организираат протести против рестриктивните мерки.

Continue Reading

COVID 19

Kовид-19 НЕ Е БИОЛОШКО OРУЖЈE: Америkанското paзузнавањe ги објави резултатите од иcтрагата за потеклото на kоpoнавирусот

Published

on

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатот од истрагата за потеклото на koронавирусот. Според нивните наоди, коронавирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан

„САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот на ковид-19 во декември во Вухан, Кина“, изјави канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница.
Вирусот не претставува биолошко оружје, се вели во извештајот.


„Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење.

„Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природен пат и за „протекувањето“ од лабораторијата.

Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесол на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.


Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк